Најавената лидерска средба сепак ќе се оддржи во полн состав, иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одбил да присуствува. „Експлозивно“ дознаваме дека столчето на Мицкоски ќе го пополни актуелниот пратеник Амди Бајрам, кој е миленик на почесниот претседател на партијата, Никола Груевски.
„Ми пиша Груевски на Фејсбук и ми кажа јас да одам да го заменам Мицкоски на лидерската средба. Тој вели дека Мицкоски не е мој ранг на политичар, башка јас сум си бренд, и мојот глас вреди многу. Јас уште кога си заминав од коалицијата истакнав дека подобро мене да ме избраа за претседател на ВМРО-ДПМНЕ отколку Мицкоски. Ете конечно се потврди мојот став и со чест ја прифатив оваа понуда да присуствувам на лидерската средбата“, изјави Бајрам.
За лидерската средба ни откри дека спрема посебен султански костим.
„Сакам да оставам впечаток на таа средба, да не ми се налиту Груевски. Ваква чест ретко се укажува и не смејам да ја пропуштам“, нагласи тој.
Бајрам е особено среќен што на крај од мирцањето, Груевски му стави срценце.
Добривоје Муќкалица
Оградување, одбрана и заштита: Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.