Венецуела ги оквалификува како „незаконски мерки“ новите санкции од Вашингтон со кои се оневозможува Каракас да врши трансакции со државни средства во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша нова мерка со која на Владата на Венецуела и се ограничуваат можностите да продава имот после избори, нешто што Белата куќа го оценува како „измама“.
Во образложението на новата американска мерка се наведува дека целта е да се спречи Венецуела да продава имот за „малку пари“, а на „штета на народот“. Мерката е донесена по реизборот на Николас Мадуро за претседател на земјата, со оглед на тоа дека за САД изборите се нелегитимни.
По потпишувањето на најновите мерки, се огласи венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаса.
– Санкциите се лудост, варварство и се апсолутно противречни на меѓународното право, оцени Ареаса. (МИА)