Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска била повикана во Специјалното јавно обвинителство да даде исказ во својство на осомничено лице за случајот „Титаник“, првиот случај на СЈО за кривични дела поврзани со изборите и гласањето.
Нејзините правни застапници побарале увид во доказите за истрагата, поради што таа уште еднаш ќе биде повикана за истиот случај за разгледување на доказите.
Во „Титаник“, покрај Јанкуловска, се осомничени екс-министри, управни судии, членови на изборната администрација, и лица вработени во МВР и во органи науправата.