• Latest
Добро утро со Орданоски

Антимакедонската предизборна дипломатија

September 29, 2017
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Антимакедонската предизборна дипломатија

September 29, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]еколку дена примам информации за тоа како дел од нашата дипломатска мрежа работи силно во корист на нашата штета. Повеќе македонски амбасадори и друг висок дипломатски персонал, кадровски решенија на претходната власт – всушност, речиси СИТЕ се кадровски решенија на претходната власт – неофицијално и полуофицијално шират приказни низ земјите каде се испратени службено да ја претставуваат Македонија дека не треба да се брза со странски инвестиции во државава или со политичка и друга поддршка за Владата на Заев, бидејќи состојбите се нестабилни, оти, кај и да е, Груевски само што не се вратил на власт! Тие ги брифуваат своите соговорници дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори е сигурна, а дека потоа ќе следува брз распад на сегашнава власт, излегување на нови вонредни парламентарни избори и триумфално враќање на Грујо во Шампитата крај Вардар.

Јас, пак, имам некакви други можни сценарија низ глава: мислам дека е многу извесно ДПМНЕ да ги изгуби претстојниве локални избори, пред сè благодарејќи му на фактот што Груевски е сè уште претседател на таа нереформирана и непоапсена политичка дружина – па, со самото тоа, штета, не ни остава голем избор, туку да гласаме за кој било кандидат понуден од СДСМ!

Дополнително, мислам дека наскоро по изборите нема Груевски да биде тој што ќе се врати на власт, туку дека дузина амбасадори и останати дипломатски гуланфери ќе бидат тие што ќе се вратат во татковинава, пред да им истече регуларниот мандат за правење дополнителни штети на државата за која се платени да работат. И ми велат дека за тоа, кај надлежните во Скопје, веќе постои и список што не е мал, а постојано се шири, што значително ги грее срцата на оние кои за секоја ненадејно испразнета позиција во дипломатијата имаат по тројца спремни нови кандидати, со скромното себе (во прво лице еднина) на водечкото место од предлозите!

На слична, пара-дипломатска, тема е и она за што на времето пишував, а Александар Диневски со право нè потсети деновиве: дека токму Виктор Орбан е човекот по чиј налог – ако се верува на пресудите во случајот „Шпион“! – подолго време се шпионирала Македонија, за што тој, буквално додека се апсеа луѓе низ Скопје осомничени за шпионажа во корист (и) на Унгарија, го доби највисокото одликување од претседателот на Македонија, проф. д-р Фикус. Ете, значи, наредбодавецот на унгарските шпиони, придружуван од Јанез Јанша – осуден, а малку и одлежан, во родната му Словенија на двегодишна затворска казна за примање поткуп, додека беше премиер, од една финска воено-индустриска фирма –дојдоа во Охрид во обид да му дадат меѓународен легитимитет на Груевски во тешкиве политички денови за него; и малку мораа да го причекаат, додека овој им доцнеше на пат од рочиштето во Скопска Единица, каде е обвинет за организирање на банда за тепање градоначалник…

Порка мизерија, каква силна меѓународна дружина, не знаеш кој од кого е поголема мустра! Да имавме среќа завчера судот на Груевски да му го вратеше пасошот, ќе требаше колективно и надпартиски да го молиме Орбан, на враќање од Охрид, да го понесе Грујо со себе, па ни во Будим, ни во Пешта бели очи веќе да не му видиме!

Вака, ќе мора да се трпи уште малку ова лупетање за „новата ера“. Тежок живот македонски.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: амбасадориВиктор ОрбандипломатијаизбориЈанез ЈаншаНикола Груевскипроф. д-р ФикусСловенијаУнгаријашпионажа
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ