Целосен дебакл доживеа вчерашниот антиваксерски протест пред Владата. За разлика од претходниот, кој изобилуваше со траги-комични ситуации, борба за микрофон и меѓусебни препукувања, вчерашниот протест помина во театарска атмосфера и со многу мал број на луѓе, едвај околу 100 тина.
Две, три свирчиња и една сирена, срамежливи извици „УА“ и неколку дечиња кои весело трчкаа меѓу малкутемина протестирачи пред Владата на РСМ. Без транспаренти, без страсните говорници кои до вчера водеа борба кој ќе дојде побргу до микрофонот, собирот повеќе наликуваше на маалска дружба или состанок на куќен совет на малку поголема зграда.
Од минута во минута, и така малата насобрана група антиваксери полека се осипуваше. Хронолошки гледано, со секој нов протест бројот на присутни антиваксери се намалува, и антиваксерскиот протестен балон е се поиздишан.
Драган Мишев