• Latest

Јанева: УЈП и Министерството за финансии дозволиле богатење на поединци на штета на буџетот!

March 23, 2017
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јанева: УЈП и Министерството за финансии дозволиле богатење на поединци на штета на буџетот!

March 23, 2017 16:05
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ги охрабруваме сите граѓан(к)и да соработуваат со СЈО за постапките кои ги водиме оти сите даночни малверзации и повреди на законите за јавни набавки директно влијаат врз сиромашниот стандард и финансиски услови во кои живеат огромен број на граѓан(к)“, рече денеска Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Таа се осврна на работата на СЈО и посочи дека отворањето на четири нови истраги, заедно со другите кои веќе се водат, ќе откријат на кој начин се перени пари во буџетот и како завршувале во џебовите на високи правни лица и функционери.

„Големиот број обезбедени материјални за периодот од 2008 до 2015 година, укажуваат дека Управата за јавни приходи и Министерството за финансии, не само што не ги извршувале законските должности во делокругот на нивното работење, туку дозволиле поединци и министерства да работат спротивно на законите, а со тоа овозможиле одделни физички и правни лица да се стекнат со имотна корист на штета на буџетот на Република Македонија“, информираше Јанева.

Јанева покрај барањето за поддршка од граѓан(к)ите, посочи дека е конечно време и побара надлежните тела и институции  да ја согледаат важноста од почитување на роковите за барањата и да ја почитуваат законската обврска за постапување по барањата на СЈО без одлагање, и во што е можен покус рок, наместо да се користи рокот од 30 дена што е пракса од најголемиот број на институции, од формирањето на СЈО до денес.

„Овие истраги се комплексни и се наметнува прашањето дека ќе се надмине периодот од 18 месеци, а роковите во кои е задолжително да постапува ова Обвинителство се далеку пократки од роковите по кои постапуваат останатите јавни обвинителства.  Поради ова, бараме Собранието да ја разгледа законската одредба која ја ограничува нашата работа и да најдеме соодветно законско решение да ги истражиме кривичните дела кои се во рамките на нашиот мандат“, смета Јанева, која уште еднаш ја потенцираше тежината на истрагите на кои работи СЈО, а кои се од особена важност за сите граѓан(к)и и за владеењето на правото.

М. Т.

Tags: буџетистрагаКатица Јаневаперење париСЈОСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ