• Latest

Арсовска, Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ со „кратки нозе“ за аерозагадувањето

December 29, 2021

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Арсовска, Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ со „кратки нозе“ за аерозагадувањето

December 29, 2021 19:21
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката Арсовска, Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ последниве денови изнесоа повторно дезинформации за аерозагадувањето и мерките на Град Скопје против загадувањето.

На 26.12, Град Скопје објави соопштение со наслов:„Со Шилегов Скопје стана еден од најзагадените градови во светот, сега конечно доаѓаат решенија за овој голем проблем“, во кое се тврди дека Шилегов „…4 години не презема ниту една системска мерка за справување со загадениот воздух…“. (Град Скопје: Со Шилегов Скопје стана еден од најзагадените градови во светот, пренесено од Канал5).

Повеќе медиуми истиот ден ја пренесоа и реакцијата на Арсовска на укажувањето на Шилегов за моменталната загаденост на воздухот: „Скопје има највисока ставка на загадување во Европа, а тој да коментира за нешто 4 години има можност, остави сѐ на ветерот како системска мерка.“ (Арсовска до Шилегов за загадениот воздух: Остави сѐ на ветерот како системска мерка).  Медиумите го пренесоа и соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека „Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови“ (Вечер)

Но, ваквите тврдења на Арсовска, Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се засновани на факти, како што укажавме и претходно во „Кратки нозе“, кога Арсовска како кандидатка на изборите тврдеше „состојбата не се менува на подобро“, а и тврдењето на еден советник дека „во последниве 7 години никој од власта не направил нешто за да се подобри квалитетот на воздухот“.

Досега објавените податоци и споредбата во последниве години укажуваат на тренд на намалување на аерозагадувањето во Скопје, според повеќе светски а и домашни извори. Ако во 2017, нивото на ПМ 2.5 честички било дури 45 µg/m³ (како што објави британски Гардијан во 2017-та), според податоците што ги објави Град Скопје,  во 2018 година во Скопје се измерени 34.0 µg/m³ ПМ 2.5 честички, во 2019 бројката паѓа на 32.4 µg/m³, а во 2020 на 30.6 µg/m³ ПМ 2.5 честички во воздухот.

И нивото на ПМ 10 честички во Скопје се намалува, а и експерти тврдат дека намаленото загадување во Скопје е факт: „Факт е дека години наназад се намалува загадувањето во Скопје, но треба уште да се работи за да бидеме подобри. Ако се продолжи вака ќе се коригираме блиску до граничните вредности, вели за „Слободен печат“ професорот Дејан Мираковски, од Штипскиот универзитет кој учествува во истражувањата и мерењата на загадувањето во РСМ.“

Град Скопје претходно укажуваше дека намалувањето на загадувањето е резултат на бројни системски мерки, детално наведени во написот на Слободен Печат „Опаѓа загадувањето во Скопје – инвертерите, печките на пелети и другите мерки даваат резултати“: „Досега Градот Скопје додели 5.000 инвертери, 2.000 печки на пелети, исчистени се 2.000 оџаци и изгаснати 10.000 активни оџаци, а поради намалената цена за топлинска енергија, околу 2.000 исклучени домови повторно се приклучија кон централното парно греење. На 100 државни згради им се сменети котлите за греење и елиминирани се како загадувачи…“.

Накусо, Град Скопје, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ останаа со кратки нозе со тврдењата дека „Со Шилегов Скопје стана еден од најзагадените градови во светот“, и дека Шилегов „…четири години не презема ниту една системска мерка за справување со загадениот воздух…“, и дека „Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух“.

Факт е дека мерките против аерозагадувањето доведоа до подобрување, но и дека тоа не беше доволно за граѓаните на Скопје, кои очекуваат уште подобри резултати, бидејќи загаденоста влијае на нивното здравје и животи. А до такви резултати не се доаѓа со дезинформации и лажни обвинувања, туку со конкретни понуди и ефикасни решенија.

 

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ