• Latest

Данела Арсовска со „кратки нозе“ за загадувањето на воздухот во Скопје

October 27, 2021
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Данела Арсовска со „кратки нозе“ за загадувањето на воздухот во Скопје

October 27, 2021 13:19
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Загадувањето на воздухот е една од поважните теми за кои се дебатира во кампањата за овие локални избори. Во оваа дебата, за жал, дел од кандидатите употребуваат и невистини и дезинформации, со кои ја доведуваат во заблуда јавноста. Таков е примерот со кандидатката за градоначалничката функција во Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, која на партиски митинг одржан на 12 октомври за аерозагадувањето кажа дека „состојбата не се менува на подобро“.

Но, ова тврдење на Арсовска не е поткрепено со факти. За аерозагадувањето во Скопје, и мерењето на нивото на штетните ПМ2.5 и ПМ10 честички, досега објавените податоци и споредбата низ години укажуваат на тренд на намалување, односно, на менување на состојбата на подобро, и тоа според повеќе светски а и домашни извори.

Колку за илустрација, како што објавил британски Гардијан во текст во 2017 година, нивото на ПМ 2.5 честички во Скопје било дури 45 µg/m³. Според податоците што ги објави Град Скопје,  за „Загадувањето во Скопје според IQAir“ Во 2018 година, пак, во Скопје се измерени 34.0 µg/m³ ПМ 2.5 честички, во 2019 оваа бројка паѓа на 32.4 µg/m³, а во 2020 имаме 30.6 µg/m³ ПМ 2.5 честички во воздухот.

И нивото на ПМ 10 честички во Скопје се намалува: „Последните неколку години, екстремното загадување во главниот град бележи намалување… резултатите од анализите на загадувањето со ПМ10 честичките во претходните четири години покажуваат тренд на намалување на годишно ниво“, пишува Слободен Печат во статијата „Опаѓа загадувањето во Скопје – инвертерите, печките на пелети и другите мерки даваат резултати“ објавена минатиот месец, повикувајќи се на резултати од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Во иста насока известува и Канал 5 во прилогот „Истражување: Скопје годинава дише помалку загаден воздух во последните пет години“ објавен на 10 април 2021, посочувајќи релевантни статистички податоци.

И експерти тврдат дека намалувањето на загадувањето во Скопје е факт: „Факт е дека години наназад се намалува загадувањето во Скопје, но треба уште да се работи за да бидеме подобри. Ако се продолжи вака ќе се коригираме блиску до граничните вредности, вели за „Слободен печат“ професорот Дејан Мираковски, од Штипскиот универзитет кој учествува во истражувањата и мерењата на загадувањето во РСМ.“

Зошто тогаш во изборната кампања дел од кандидатите изнесуваат невистини за аерозагадувањето? Очигледно, тие добро знаат дека квалитетот на воздухот е важна тема за граѓаните, и се обидуваат преку оваа тема да ги придобијат нивните гласови.

Факт е дека загадувањето на воздухот во Скопје е намалено, но исто така е факт дека тоа не е доволно. Граѓаните очекуваат уште подобри резултати, бидејќи загаденоста влијае на нивното здравје и животи. А до такви резултати не се доаѓа со невистини и манипулации, туку со конкретни понуди и решенија.  Таква дебата заслужуваат граѓаните на Скопје.

Петрит Сарачини

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ