• Latest
Фото: Скриншот

Арсовска контра Мицкоски и Перински: По три години ВМРО-ДПМНЕ призна дека блокадата на градот е оркестрирана

August 20, 2024
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Арсовска контра Мицкоски и Перински: По три години ВМРО-ДПМНЕ призна дека блокадата на градот е оркестрирана

August 20, 2024 13:13
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашната средба во Владата на Република Северна Македонија која заврши без конкретен резултат, помеѓу, од една страна премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински, кого предходно скопската градоначалничка го разреши од функцијата директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер за пречистителната станица во Скопје, и од сругата страна  градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која пак, на функцијата дојде поддржана од ВМРО – ДПМНЕ, денес на прес-конференцијата свикана од градоначалничката Данела Арсовска, таа изјави дека конечно, по три години ВМРО-ДПМНЕ признава дека блокадата е организирана и оркестрирана, токму од оваа политичка партија и нејзините советници на Град Скопје.

Градоначалничката истакна дека на вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински предложила решенија за проблемите со кои се соочува Град Скопје, но како што рече, средбата наликувала на „политички циркуз за добивање политички поени”.

-Сакам да го цитирам Перински, дека генерален заклучок е немањето комуникација помеѓу советничките групи во рамки на Градот Скопје. Добро е тоа што Мицкоски се обиде да ги поправи грешките на неговите сопартијци, за жал, сето тоа наликуваше на политички циркуз само за добивање на политички поени. Јас не се натпреварувам за политички поени, рече Арсовска.

Според градоначалничката, програмата за „Модерно Скопје“ била поддржана од истите тие советници од ВМРО-ДПМНЕ, а и од Мицскоси, па нивното негласање на програмите може да биде само политичка игра и ништо друго, затоа што истите советници досега не нашле ниту една забелешка, едноставно само не гласале.

Таа неколку пати нагласи дека предложила решенија за проблемите со кои се соочува Град Скопје, но како што рече, средбата наликувала на „политички циркуз за добивање политички поени”.

Министерот Перински, вчера по средбата во Владата со Арсовска, рече дека таа до крајот на оваа недела треба да состави план што ќе биде презентиран пред советниците во рамки на Советот на Град Скопје. Тој, меѓудругото, кажа дека на вчерашниот состанок не слушнале ништо конструктивно од градоначалничката во однос на решавањето на проблемите со Јавното комунално претпријатие и Јавно сообраќајно претпријатие.

М. Д.

Tags: градоначалночка на СкопјеДанела Арсовскапрес
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ