Говорејќи за политичките партии и меѓуетничките односи, поранешниот заменик министер за образование Петар Атанасов кажа дека круцијална работа во моментов која би довела до големи промени е да се одземе национализмот на политичките партии. На конференцијата „Различностите – благодат или проклетство“ во организација на Цивил, тој кажа:
-Замислете во претседателството на ДУИ и во претседателството на ВМРО-ДПМНЕ да им внесете во ДУИ еден од ВМРО Македонец, на двочасовен состанок на кој ќе се одлучува за значајни работи и кај ВМРО-ДПМНЕ еден Албанец во нивните органи , којшто е образован и политички поткован. Нека го примат кога Мицкоски ќе зборува за меѓуетничките односи. Ако ова успееме да им го одземеме, ние ќе направиме општество и држава за сите, рече Атанасов.