Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидна екипа на Министерството за внатрешни работи врши увид на местото на настанот каде денеска околу 18 часот е застрелано едно лице – соопшти Јавното обвинителство на својата веб страница.
„Настан се случил во непосредна близина на местото на живеење на сега починатото лице, на улица Џон Кенеди спроти Средното училиште „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир. Првичните сознанија се дека пукањето следело по вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, по што сторителот посегнал по огнено оружје и го застрелал 24 годишното момче. Од здобиените повреди кај жртвата настапила смрт. Стоителот се дал во бегство“ – се првите сознанија кои Јавното обвинителство ги сподели со јавноста за овој трагичен настан.