Categories

АПЕЛАЦИЈА Јавна седница за жалбите на притворените за насилството во Собранието

За денеска во 14 часот е закажана првата јавна седница на која ќе се разгледуваат жалбите на притворените за настантие од 27 април во Собранието, информираат од Апелациониот суд во Скопје.

Расправа на јавна седница побараа актерот Владо Јовановски и осомничените Горан  Ѓошевски, Мунир Пепиќ и Оливер Поповски.

До Апелациониот суд вкупно се стигнати 16 жалби за продолжувањето на притворот, а вчера доцна попладне стигнале одговори од Вишото јавно обвинителство на жалбите против продолжувањето на притворот за осомничените за насилствата од 27 април.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, на 27 декември минатата година донесе одлука и го прифати предлогот на Обвинителството за организиран криминал и на 23 осомничени им го продолжи притворот за уште 30 дена, а на шест мерката куќен притвор. Меѓу нив се и поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, како и  Борис Дамовски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“.

извор: МИА

 

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Print Friendly, PDF & Email