• Latest
БАЈДЕН - фото МИА

Бајден: Ако ја напуштиме Украина, што мислите дека ќе се случи во балканските земји?

January 20, 2024
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден: Ако ја напуштиме Украина, што мислите дека ќе се случи во балканските земји?

January 20, 2024 10:47
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
БАЈДЕН - фото МИА

БАЈДЕН - фото МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден за време на вчерашниот говор во Белата куќа предупреди дека укинувањето на финансиската помош за Украина може да доведе до криза во балканските земји.

„Ако ние заминеме, а Русија го издржи нивниот напад и ја победи Украина, што мислите дека ќе се случи во балканските земји? Што мислите дека ќе се случи од Полска до Унгарија?, праша Бајден.

Главните соработници на Бајден отворено им кажаа на пратениците на средбата во средата дека ако Конгресот наскоро не одобри дополнителна воена помош за Украина, Русија би можела да ја добие војната за неколку недели – во најдобар случај за неколку месеци, пишува NBC News.

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан и директорката на Националното разузнавање Аврил Хејнс тогаш изјавија дека не е случајно што Путин го изврши најголемиот воздушен напад од почетокот на инвазијата на Украина, откако Конгресот не одобри дополнителна помош минатиот месец.

Белата куќа на 27 декември објави конечно намалување на количеството на оружје и воена опрема за Украина. Иако европските нации, вклучително и Велика Британија и Германија, обезбедуваат одредена финансиска поддршка, САД се најголемиот снабдувач на Украина со воена помош. Но, републиканците во Конгресот задржуваат десетици милијарди долари во идното воено финансирање за Кијив. Се додека Конгресот не го одобри тоа, нема да има повеќе поддршка.

Конгресот одобри повеќе од 110 милијарди долари помош за Кијив од почетокот на руската инвазија, но не одобри никакви средства откако републиканците ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом во јануари 2023 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и Бајден го повикуваат Конгресот да одобри нов пакет помош од 61,4 милијарди долари, но републиканците одбиваат да ја одобрат помошта без договор со демократите за зајакнување на безбедноста долж границата меѓу САД и Мексико. Но, дури и републиканците да попуштат и да се согласат да ја продолжат помошта, таа веројатно би била значително помала.

Без дополнителна американска помош, проценуваат западните власти, Украина прво би останала без ракети со долг дострел, потоа ракети за противвоздушна одбрана, а подоцна и артилериска муниција и ракети со краток дострел, како што се противтенковските ракети Javelin и противвоздушни ракети Stinger.

Зеленски има проблеми и со обезбедување дополнителна воена помош од Европската унија. Имено, новата програма за помош на ЕУ вредна 50 милијарди евра за следните четири години требаше да биде договорена лани во декември. Унгарскиот премиер Виктор Орбан стави вето на планот, доведувајќи ја во прашање корисноста на помошта за Украина и велејќи дека одлуката на ЕУ да ги замрзне средствата наменети за неговата земја е погрешна.

Но, претставниците на земјите-членки пред десет дена со мнозинство гласови во Брисел одлучија да започнат преговори со Европскиот парламент за плановите за помош. Целта е да се овозможи што поскоро спроведување на програмата за помош по евентуалното попуштање на Орбан.

Доколку наскоро не се најде решение со Унгарија, другите членки на ЕУ имаат намера да дејствуваат како група од 26. За 1 февруари е најавен специјален самит на ЕУ за тоа како да се продолжи понатаму. Брисел се надева дека Унгарија ќе се откаже од отпорот за да се избегнат натамошни компликации.

Г. Т.

Tags: БајденВоена помошСАДУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ