• Latest

Бајден во говорот до нацијата повика на единство и вети поддршка за Украина колку што ќе и биде потребна

February 8, 2023

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден во говорот до нацијата повика на единство и вети поддршка за Украина колку што ќе и биде потребна

February 8, 2023 09:47
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден во својот редовен годишен говор за состојбата во нацијата ноќеска повика на единство во остро поделениот Конгрес, го пофали зголемувањето на работните места, а ги допре и темите за војната во Украина и стратешката конкуренција со Кина.

На големиот годишен говор за општата политика, во кој секој американски претседател ја исполнува својата уставна обврска да го информира Конгресот, Бајден ја нарече американската демократија „нескршена“, повика на единство, го поздрави закрепнувањето на американската економија и отворањето на рекордни 12 милиони работни места, а истакна и дека Америка „не може да го тргне погледот од полициската бруталност и ги нарече „скандалозни“ гигантските профити на нафтените компании, повикувајќи на воведување „минимален данок“ за милијардерите.

Тој, исто така, нагласи дека САД ќе ја поддржуваат Украина „колку што е потребно“ во соочувањето со руската инвазија и додаде дека САД ќе соработуваат со Кина, но вети и дека ќе ја „заштити земјата“, мислејќи на кинескиот шпионски балон што патуваше низ Америка минатата недела.

Tune in as I deliver the State of the Union address to a joint session of Congress. https://t.co/StnlNblubB

— President Biden (@POTUS) February 8, 2023

Првото обраќање на Бајден на заедничката седница на Конгресот откако републиканците ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом траеше 73 минути, неговиот говор неколку пати беше прекинуван од аплаузите на присутните, но и од дофрлањата на републиканците.

Бајден беше самоуверен, гласен и смешен, а американските аналитичари се согласија дека тоа е убедливо најинтерактивнотото обраќање за состојбата на нацијата во историјата на САД.

-До моите републикански пријатели, ако можевме да работиме заедно во последниот Конгрес, нема причина да не можеме да работиме заедно и во овој нов Конгрес. Народот ни испрати јасна порака. Борба заради борбата, моќ заради моќ, конфликтот заради конфликт, не водат никаде. Овде сме испратени да ја завршиме работата, нагласи тој.

Настојувајќи да го проектира оптимизмот пред претседателската кампања во 2024 година, Бајден истакна дека економијата има корист од 12 милиони нови работни места, дека Ковид-19 повеќе не ги контролира животите на Американците и дека американската демократија останува силна.

„Денес, иако е оштетена, нашата демократија останува непоколеблива и нескршена. Приказната за Америка е приказна за напредок и издржливост. Ние сме единствената земја што од секоја криза излезе посилна отколку кога влеговме во неа. Тоа го правиме повторно .

Бајден ја поздрави издржливоста и силата на американската економија, со пад на невработеноста во јануари на речиси 54-годишно најниско ниво, ветувајќи дека ќе продолжи со напорите за намалување на инфлацијата и одбрана на благосостојбата и здравствените придобивки.

Тој посочи дека Америка „не може да се оттргне“ од проблемот со полициската бруталност.

-Сите ние во овој Конгрес мора да бидеме на висината на задачата, не можеме да го тргнеме погледот. Да се ​​собереме и да ја завршиме работата за полициските реформи, нагласи тој.

„Сите ние го сакаме истото. Населби без насилство. Спроведување на законот што ја заслужува довербата на заедницата, за нашите деца да се вратат дома безбедно. Знам дека повеќето полицајци се добри, пристојни луѓе. Тие ги ризикуваат своите животи секој пат кога ќе облечат тој штит. Но, премногу често се случува она што му се случи на Тир во Мемфис“.

Бајден ги обвини фармацевтските компании дека премногу го наплаќаат инсулинот, ги обвини технолошките компании дека спроведуваат профитен „експеримент“ врз деца, а особено го критикуваше профитот на нафтените компании, залагајќи се за повисоки даноци за милијардерите.

-Големите корпорации не го искористуваат само даночниот закон, рече Бајден. „Тие те искористуваат и тебе, американскиот потрошувач.

Бајден, исто така, во говорот кажа дека САД ќе ја поддржуваат Украина „колку што е потребно“ соочена со руската инвазија, која го натера амбасадорот од Киев да стане и да аплаудира.

-Тие не ја претставуваат само својата нација, туку и хрброста на нејзиниот народ, рече американскиот претседател.

„Со НАТО, САД се соочија со агресијата предводена од Путин и застанаа на страната на украинскиот народ“, нагласи тој речиси една година по почетокот на војната.

Тој посочи и дека САД ќе соработуваат со својот ривал и голема сила Кина, но и дека земјата ќе „дејствува“ доколку Кина го загрози нејзиниот суверенитет.

-Како што покажавме минатата недела, доколку Кина го загрози нашиот суверенитет, ќе дејствуваме за да ја заштитиме нашата земја и тоа го направивме, рече Бајден.

Tags: БајденКинаСАДУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ