Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, му се приклучи на големиот Балкански самит кој го организира грчкиот премиер Мицотакис, по повод 20-годишнината од Солунската декларација, кога европските и лидерите на земјите на Западен Балкан се согласија дека иднината на регионот е во ЕУ.
„Балкански самит. Заедничка средба со лидерите. Важни билатерални преговори. Одбранбена соработка. Заради безбедност и развој на нашите народи“, напиша Зеленски на социјалните мрежи и ги наброја лидерите кои беа дел од овој настан.
Лидерите на Србија, Молдавија, Црна Гора, Грција, Романија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Хрвѐатска и Косово, како и претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел беа дел од овој самит. На самитот не беше поканет албанскиот премиер, Еди Рама, а албанскиот претседател, Бајрам Бегаи не ја прифати поканата, како последица на заладените односи меѓу Атина и Тирана.
„Заедно ја правиме нашата Европа и нашите нации посилни“, напиша Зеленски.