• Latest
Photo by Matt Howard on Unsplash

Белата лага за пожарите

July 18, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Белата лага за пожарите

Новата власт не мора секогаш да им кажува на медиумите како да ги третираат пожарите во земјава. Уредниците во повеќето од нашите медиуми си имаат вграден, условен рефлекс како да се постават кон било што ќе го загрози раатлакот на Мицковата екипа

July 18, 2024 14:50
in АНАЛИЗИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Photo by Matt Howard on Unsplash

Photo by Matt Howard on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Една недела, а можеби и повеќе помина откако серијата на пожари се рашири низ земјава, настани кои предизвикаа меѓународно внимание и заради барањето на помош во нивното гаснење од другите земји, пред сè, од соседството.

Дури на 18 јули на вестите на МТВ стигна на првото место во редоследот на прилозите што не соодветствува со приоритетот што одговорните го даваат на оваа опасност (опасности) со оценка на уредникот на вестите дека тешко совладливи огнени јазици на широки површини со опасност по населени места има на 13 географски точки. Мицковски мораше во тој редослед по долго време да падне на трето место во редоследот на значењето. Да се надеваме дека нема да летаат пердуви во редакцијата на националниот радио и телевизиски дифузер!?

На оваа ситуација во нашите медиуми веќе накусо неколку пати пишував белешки на мојот Фејсбук профил во слична насока. Па, треба ли граѓаните низ прозорец да се информираат за да видат дали им се приближува пожар, бидејќи и другите медиуми не ѝ даваат на ситуацијата достоен простор, загрозувајќи ја потребата граѓаните да знаат во која мерка и каде се ставени во немилост и што треба да преземат да се спасат себе и својот имот.

Не може да се рече дека проценка на власта – да бидам конкретен, оваа власт уште во времето додека беше опозиција – во рамките на својата повеќе од видлива моќ, поседува инструментариум да ги димензионира ситуациите по потреба. Таа моќ и сега одредува колкава ќе биде видлива за јавноста реалната опасност и колку се заканува со својата практична несовладливост во мигот. Па просто нема корелација со жестокоста на апелот со кој Скопје побара помош и ја доби од Загреб, Белград, Букурешт… Можеби ќе пропуштиме некого.

Што е белата лага? Па тоа е „пакување на лагата во шарен целофан, при што таа добива сосема друга димензија, прифатлива за оној кому му е упатена“. Оваа дефиниција е интересна бидејќи не го посочува само оној кој ја крие вистината, туку ни го предава и оној кој сака да биде измамен, кој не е сосема без соодговорност, па се добива пакт меѓу едните и другите, медиумите и нивните консументи!

Но, медиумското оддувување на пожарите е со цел да се намали одговорноста и способноста на оваа власт во адекватноста на одговорот на настаните на теренот (имавме, нели, дури и отсуство на градоначалникот на Неготино, човекот се одмарал во Грција, ама го заменувал неговиот сосед од Кавадарци!), сепак, фати некаков корен во јавноста! Не заради тоа што портпаролот Наум Стоилковски дава изјави против претходната власт (не сторила доволно за време на своето владеење за совладување на пожарите кои ќе дојдат во раатлакот посакуван од новите луѓе во органите задолжени за цревата).

Просто, уредниците во најголем дел од нашите медиуми имаат условен рефлекс како да не се допира во барањето на одговорност на партијата сместена во Палата Татарчев. Таа вкоренета навика се одразува дури и на интернет порталите (!), каде има сè и сешто, ама не за она што кај публикумот можеби му се случува пред очите.

Во други времиња, истите портали ќе измислуваа и ајкули во Вардар, а сега прават карти каде сè се почувствувал скопски земјотрес со силина од 2,1 степен во епицентарот, нудејќи сеизмографска карта каде шестарот е поставен така што досегнува и до Солун. Иако реално таков земјотрес нема теоретски шанси да се почувствува и во епицентарот. Просто, тоа е ноторна вистина за човековите сетила! Зошто тоа го прават медиумите кога веќе нема потреба ниту од ајкули, змии, мечки што нè навасале, туку треба да се погледне кон хоризонтот. Особено ноќе…

Запрашана за тоа дали нашите телевизии ја зборуваат вистината или лагата, новинарката-ветеран кога се работи за ТВ критиката Мери Билиќ во интервјуто за емисијата „Да сум јас некој“ одговара дека тие ја говорат белата лага. И дека доста рано се научиле на неа.

Што е белата лага? Па тоа е „пакување на лагата во шарен целофан, прри што таа добива сосема друга димензија, прифатлива за оној кому му е упатена“. Оваа дефиниција е интересна, бидејќи не го посочува само оној кој ја крие вистината, туку ни го предава и оној кој сака да биде измамен, кој не е сосема без соодговорност, па се добива пакт меѓу едните и другите, медиумите и нивните консументи!

Ете зошто никој не се труди да направи, логично нели, репортажа за тоа како огнот ја загрозува Битола, како е прекинат патот меѓу Штип и Неготино, како експлодираат бомби на полигонот Криволак, колкава е широчината на опожарените ридови на Огражден и одмерување и од око на направената штета…

А секако се сеќаваме сите какви репортажи од тој тип имаше кога се гаснеа пожарите во Малешевијата пред две години и кога исто така имаше голема интернационална помош, пред сè, на пожарникарите од Словенија. Тогаш, опозицијата, сега власт, се сеиреше и го говореше она што сега е просто еден вид на „општествен договор“ на прескокнување на реалните опасности.

Време за користење на белата лага.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани | ЦИВИЛ МЕДИА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ