• Latest
Добро утро со Орданоски

Без Шекеринска, СДСМ во уште поцврста прегратка на Заев

April 23, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Без Шекеринска, СДСМ во уште поцврста прегратка на Заев

April 23, 2021 07:00
in АНАЛИЗИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Најавеното заминување на Шекеринска од највисоките партиски структури на СДСМ претставува крај на една ера кај социјалдемократите. Таа е во партијата подолго отколку што е Заев во политиката, а во нејзиното партиско и политичко портфолио (иако нема ни 50 години старост) ги има речиси сите високи и највисоки функции што и Википедија тешко ги систематизира. Со густината на таквата своја кариера, и со првото „пионерско“ членство во ЦО на СДСМ во далечната 1993 година (на само 21 година старост), таа е – односно, ќе беше била – единствената преостаната сериозна кадровска „врска“ на СДСМ со своето славно и помалку славно минато од деведесеттите и двеилјадитите.

Со постепеното дистанцирање на Бранко Црвенковски од денешното СДСМ – еден ден ќе дознаеме „субјективно“ како/кога/зошто, доколку тој се приволи, како невеста на прва брачна ноќ, да остави некакви мемоарски сведоштва зад себе – Шекеринска беше преостанатата која „активно“ ги памти и ги сведочеше времињата на Глигоров и на една генерација партиски интелектуални „тешкаши“ од првите 5-6 години по осамостојувањето. Потоа настапи постепената „бузлевизација“ на СДСМ кон крајот на таа деценија, во периодот кога Црвенковски ги перфектуираше своите пост-комунистички кадровски комбинаторики на „чистење“ од партијата (но, не и на Шекеринска) на многумина кои не се согласуваа со неговите политички и „бизнис“ махинации.

Неуспехот на Бучковски, во конфликт со Црвенковски, за консолидирање на партијата по конфликтот во 2001 резултираше со падот на СДСМ, не само од власта, од кој нема да се опорави како политичка формација цела деценија (и со Шекеринска на партиското чело од јуни 2006), практично до појавата на Заев и неговото речиси своерачно рушење на режимот на Груевски.

Шекеринска го „преживеа“ и тој период, останувајќи во самиот врв на партијата, а потоа и на власта, репрезентирајќи го растечки „проретченото“ скопско крило на СДСМ кое со Заев негуваше контроверзни односи: отсекогаш – често со поза на „гадливост“ и мрзелива, урбана надменост – го сметаа за провинцијалец, но со упорност, храброст и победничко портфолио кое не може да се игнорира. Во тие години, би се рекло, Заев беше сè (и малку повеќе од тоа) што не беа тие.

Но, на самата Шекеринска никогаш не ѝ се случи да го потцени Заев, ни на јавна ни – колку што ми е мене познато – на приватна сцена. Таа и Заев долго функционираа како тетрис-квадратчиња: нејзината кариера е резултат на континуирана промисленост и внимателни „аптекарски“ политички калкулации – со темелни либерални демократски вредности во себе – што одлично се „вклопи“ со неверојатните политички инстинкти, големата енергија и „народњачкиот“ стил на Заев. Оваа „цело е кога има сè“ комбинација особено добро функционираше во пресудно важните односи со меѓународната заедница (во повремено „содејство“ и со Никола Димитров). Зачленувањето во НАТО на нашата држава трајно и го обезбеди местото (и) на Шекеринска во историјата на Македонија.

Сепак, ако не грешам, има два важни елементи во кои, можеби, се појавуваа тивки турбуленции помеѓу Заев и Шекеринска.

Првиот е во репрезентирањето на „старите“ и „новите пари“ – деловни интереси и бизнисмени – кои кружеа (и кружат) околу секоја владејачка партија, како крокодили во „езерцето“ на големиот државен буџет. Ако Шекеринска, условно речено, својата „деловна база“ ја влече од годините на приватизацијата на македонската економија и така настанатата домашна „бизнис-аристократија“, Заев со себе го донесе духот на сопствениот семеен претприемнички успех и бизнисмените со мали деловни портфолија, но со крупни амбиции и „брзи прсти“ на „модерното време“. Во оваа смисла, компликациите веројатно најдобро може да се илустрираат околу „случајот Рашковски“ – внимателното отсуство на Шекеринска од јавната сцена во врска со овој вид на криминогени катастрофи „во најава“ е токму спротивно на „истуреноста“ на Заев на оваа тема, со непредвидливи последици по власта и владетелот.

Втората сфера на разлики е односот кон безбедносните структури, сè уште исклучително заплеткани во македонското политичко и општествено секојдневие: колку што е Шекеринска сомничава и претпазлива пред „шармот“ на овој опасен  политикантски полусвет, толку е Заев „отворен“ за влијанија и подложен на импресионираност од нивните вешти манипулации. Долга и широка е таа приказна, но Заев (до сега) повеќе го служи среќата во тие замешателства, одошто Шекеринска кога било би си ги дозволила нивните амбициозни балкански комбинаторики. Не би се зачудил ако за тоа „странците“ имаат томови романи напишано.

„Другарската“ партиска разделба помеѓу Заев и Шекеринска е навестување за понатамошно стегање на „прегратката“ во која Заев, акламативно реизбран во нов претседателски мандат од страна на целото членство, ја има стегнато СДСМ. Околу него, на сите највисоки партиски (а и повеќето владини) функции, се разместени млади и прилично неискусни политички кадри, до последниот/та избор на самиот Заев.

Но, прашање е колку од нив можат да му кажат НЕ на лидерот со толкава моќ и партиска харизма. Со заминувањето на Шекеринска од раководството на СДСМ претпоставувам дека тој краток список е намален за еден.

Додуша, кога си на власт, без секого се може…

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ