• Latest

Битиќи: Нашата визија е континуирано подобрување на функционалноста на општините

December 12, 2022

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Битиќи: Нашата визија е континуирано подобрување на функционалноста на општините

December 12, 2022 12:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Наредниот период е исклучително значаен за спроведување на пообемни подготовки за интегрирање на нашите општини во административниот простор на Европската Унија. Имаме целосно разбирање за ставот општините да прифатат нови надлежности, но под услов да се оствари висок степен на автономија во нивното спроведување, смета вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.

Како што потенцираше, за само една година имаат реализација на 80 отсто од започнатите проекти, а останатите ќе бидат реализирани во предвидениот временски период до крајот на 2023 година.

-Нашата визија е континуирано подобрување на функционалноста на општините од сите аспекти со долгорочна цел да се создадат силни единици на локална самоуправа, рече Битиќи во денешното обраќање во Скопје на годишната конференција за децентрализација и локално управување.

Тој верува дека само системски пристап носи одржливи решенија, а таков е, како што рече, и пристапот што го имаат во унапредување на системот на локалната смаоуправа.

-Посветени сме во овој процес како еден од важните реформски процеси кои се потребни за забрзан разој но и рамномерен и праведен развој кој ќе одговара на потребите на граѓаните. Во тек се неколку големи процеси кои е важно да се случуваат паралелно. Годинава, во јули, ги почнавме преговорите со ЕУ. Очекуваме преговорите да придонесат кон усогласување на системот на локална самоуправа со критериумите и стандардите на Европската Унија, додаде Битиќи.

Битиќи информираше дека во 2023 година треба целосно да се оцени системот на локална самоуправа и како што посочи, во контекст на европските интеграции, резултатите од спроведувањето на процесот на децентрализација, ќе продолжат да бидат оценувани како политички критериуми за членството.

-Во меѓувреме, кризите низ кои поминуваме јасно ја истакнуваат потребата од соработка на сите нивоа, како и подготвеност за спроведување на ефикасни мерки и посветеност за спроведување на енергетска транзиција, рече Битиќи.

Тој напомена дека фокусот на децентрализација на краток рок треба да биде ставен на зајакнување на општините, преку подобрување на рамката за финансирање и зголемување на нивните надлежности, овозможувајќи висок степен на автономија, а притоа да не биде на штета на граѓаните, туку во нивна полза, овозможувајќи исполнување на нивните основни права и несоздавајќи потешкотии во нивен секојдневен живот.

Битиќи исто така потсети дека во август беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локална самоупраава, со кој е предвидено постепено зголемување на процентот на приходите од данокот на личен додход, од 3 на 6 отсто во период од 2022 до 2025 година.

Tags: ЕУопштиниФатмир Битиќи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ