• Latest
Фото:  Влада на Република Северна Македонија

Битиќи од Вашингтон: Заедничките политички интереси со САД отвораат нови потенцијали за економскиот раст и развој на Северна Македонија

September 28, 2023

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи од Вашингтон: Заедничките политички интереси со САД отвораат нови потенцијали за економскиот раст и развој на Северна Македонија

September 28, 2023 11:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото:  Влада на Република Северна Македонија

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ја ужива целосната поддршка на САД за нејзините стратешки политики за полноправно членство на земјата во ЕУ, изјави Зменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи како сублимат на неговиот престој во САД каде се сретна со високи претставници на Стејт департментот, Департментот за трговија и Департментот за финансии на САД,  како и со претставници на Светската банка и ММФ.

„Заеднички беше оценето дека европска интеграцијата, не претставува само за усогласување со збир на политики, туку се работи и за прифаќање на иднина која ќе донесе многу повеќе можности за просперитет и напредок за секој од нас во Северна Македонија. Во нашите европски аспирации кои ги зајакнуваат идеалите на демократијата и просперитетот имаме силна поддршка од Вашингтон, но одлуката дали ќе изградиме држава која ќе ги отелотворува европските вредности ќе треба да се донесе од пратениците во Собранието на Република Северна Македонија“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи во неговата изјава го потенцираше признанието и охрабрувањето на американските власти за нашата забрзана енергетска диверзификација и транзиција кон обновливи извори.

„Подеднакво значајно е и признанието, охрабрувањето што го добивме за нашата забрзана енергетска диверзификација и транзиција кон обновливи извори, со која правиме скок нанапред во однос на одговорноста за животната средина и создаваме нови економски можности кои ќе значат повеќе и добро платени работни места за нашите граѓани, помали трошоци за енергија, посилна и поотпорна економија на енергетски кризи. Станува збор за создавање на енергетски одржлива економска иднина, во чие создавање сме и ќе бидеме поддржани од САД и меѓународните финансиски институции“, изјави Битиќи.

На средбите во САД, високите политички претставници на американската администрација ја потврдиjа соработката и споделувањето на заеднички политички вредности, интереси и цели на глобалната сена.

„Ова стратешко партнерство, втемелено во одличните билатерални односи и сојузништвото во НАТО,  не само што ја зајакнува геополитичката положба на Северна Македонија, туку преку продлабочување на економските односи ќе отвори нови и одржливи извори на економскиот раст и развој, технолошкиот напредок и просперитетот на државата“, изјави зменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Tags: БитиќиВашингтонполитички интереси
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ