• Latest

Битиќи: За речиси 50% го зголемивме производството на енергија, кризата одминува, ја враќаме евтината тарифа

June 8, 2023

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Битиќи: За речиси 50% го зголемивме производството на енергија, кризата одминува, ја враќаме евтината тарифа

June 8, 2023 17:19
in ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи има бројни јавни настапи во земјата и во светот, каде што говори за иднината на економијата. Тој има максимално прогресивни ставови во поглед на економските трансформации во земјава, регионот и светот. Тој во своите говори големо внимание посветува на енергијата и нејзината транзиција кон обновливите извори.

„Пред економијата се портретира иднина во која изворот на виталната енергија од фосилните горива се поместува кон ветрот, сонцето и водата. Оваа трансформација ќе вклучи и креирање на нови зелени и високо продуктивни работни места, кои според проекциите за 2030 година велат дека во овој сектор ќе бидат отворени 38 милиони работни места, а во 2050 година овој број ќе се зголеми на 50 милиони“, рече, меѓу другото во воведното обраќање вицепремиерот Битиќи на отворањето на Македонскиот енергетскиот форум (МЕФ) што се одржа на 30 мај во Скопје.

Неколку дена претходно, на 23 мај, на големата регионална конференција на ЦИВИЛ за трансформациите на економијата во Западен Балкан „Партнерство за циркуларност“, вицепремиерот говореше за циркуларната економија и нејзините перспективи во нашата земја. Според него, дел од енергијата во нашите мрежи може да дојде и од обработката на отпадот, за што веќе постојат капацитети и изградени владини политики.

Тоа и многу повеќе од тоа, беше причина да побараме од вицепремиерот Битиќи одговор на неколку важни прашања од областа на енергетиката и снабдувањето со електрична енергија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со кои конкретни мерки и проекти планирате да постигнете стабилност на енергетскиот систем, истовремено да се развијат капацитетите за развој на обновливите извори на енергија?

Нашата држава е лидер во регионот со донесените и веќе имплементирани закони и подзаконски акти, кои се целосно  усогласени со Европската енергетска заедница, со кои е овозможена либерализација на енергетскиот пазар.

Со усогласување на енергетските политики, современите енергетски технологии и мобилизирање на финансии, го отвораме патот за одржлива и просперитетна енергетска иднина која ги ублажува климатските промени, ја подобрува енергетската безбедност и го поттикнува економскиот раст.

Сите политики и мерки на Владата, со кои креираме подобра енергетска иднина на земјата, се фокусирани на, изградба на нови капацитети на базна енергија и истовремено производство на енергија од обновливи извори.

Во однос на производство на базна електрична енергија, при крај е процесот на евалуација на понудите за изградба на најголемиот извор од хидро капацитетите за проектот „Чебрен“, со проценета вредност на инвестиции од милијарда евра и предвиден капацитет на производство на базна енергија од 300 – 330MW

Истовремено, со зголемен интензитет растат јавните и приватни инвестиции во обновливи извори на енергија. Во последните 2 години во државата има инсталирано и ставено на мрежа повеќе од 207MW фотоволтаични централи. Дополнително на ова, нашите политики привлекоа приватни инвестиции од повеќе од милијарда евра, кои во наредниот период ќе изградат капацитет од над 1GW.

Регионалната конкурентност и поврзаност се клучни за развој на регионот, во поширока смисла на зборот. Во оваа насока покрај засилените инвестиции во патната инфраструктура, во последните 5 години, засилено се работи и на енергетско поврзување, преку, изградба на интерконекторот со Албанија со кој ќе се комплетира Коридорот 8 за пренос на електрична енергија Исток – Запад, помеѓу Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Италија.

Дополнително, државата будно ги следи трендовите во изградба на фотоволтаични централи, кои земаат голем замав не само во нашата земја туку и во соседството, и нашиот систем оператор МЕПСО работи на зголемување и на капацитетот на пренос на електрична енергија по коридорот 10, преку зголемување на капацитетот на интерконекторот Битола-Лерин, кој треба да биде удвоен во наредните неколку години.

Владата на Република Северна Македонија работи и на диверзификација на снабдувањето со природен гас, преку градење на интерконектор со Грција. Преку кој ние ќе обезбедиме гас за идните генерации. Тоа за нас значи дека нема да бидеме зависни само од руски гас кој доаѓа преку интерконекторот со Бугарија, туку за нас ќе е достапен и гасот од ЛНГ терминалот во Александруполи.

Регионалната поврзаност се случува и во насока на изградба на интерконектори за гас и со останатите соседи, што покрај диверзификација, за нашата земја ќе значат дека сме на енергетската карта, поставени  како хаб на Балканот.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали и на кој начин очекувате домашната берза на електрична енергија да го подобри снабдувањето со електрична енергија? Што е различно во споредба со минатото?

Преку зголеменото производство на електрична енергија, го стабилизиравме енергетскиот систем во државата, ги заштитивме граѓаните од ценовните шокови, стопанството го поддржавме. Продолжуваме кон натамошно зајакнување на енергетскиот систем во државата преку зголемување на конкуренцијата на пазарот на електрична енергија. Овие наши напори се институционализираа преку отворањето на Националниот оператор на пазар за електрична енергија – МЕМО, со што понудата и побарувачката се либерализира, добива на конкурентност.

Преку берзата домашниот пазар ќе се поврзи со европските и регионалните пазари на струја, што ќе биде во функција на зголемување на ефикасноста во задоволувањето на нашите енергетски потреби.  Она што е важно за стопанството кое набавува струја од либерализираниот пазар е што добива пристап до стабилни извори на струја, односно достапноста до струја се зголемува, поради тоа што трговците нема да мораат да бараат енергија на странски пазари. Побарувачката и понудата на електрична енергија во еден сегмент ќе се локализира.  Со активно купување и продавање на електричната енергија на пазарот ден однапред, односно снабдувачите ќе може да побараат и платат електрична енергија денес, а да ја добијат следниот ден.

Отворањето на берзата е само еден од многуте чекори кои ги преземаме во градењето на современ енергетски пазар во нашата земја кој ќе биде фокусиран на потребите на граѓаните и економијата, со можности за иден развој преку нови инвестиции во производствените капацитети од обновливи извори на енергија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Враќањето на популарната евтина струја ќе значи заштеда за домаќинствата, но може да биде и поттик за економијата. Како дојде до оваа трансформација и кои се придобивките?

Постојат реални основи граѓаните од 1 јули повторно во своите домови да користат евтина струја во одреден временски интервал од 2 или 3 часа во текот на денот, во период кога имаат најголема потреба за задоволување на домашните потреби за струја, што ќе значи големо олеснување на семејниот буџет преку намалување на сметките за струја.

Ова е возможно откако цените на електричната енергија како на регионално така и на локално ниво во изминативе месеци се стабилизираа. Од друга страна енормното зголемување на инсталирани фотоволтаични централи, како во нашата држава, така и во регионот, креира вишоци на произведена електрична енергија во периодот од пладне во наредните неколку часа што може да се увиди ако подетално се анализираат цените на електричната енергија на регионалната HUPX, или на домашната берза на електрична енергија МЕМО кога во одредени денови во овој временски интервал има и негативна цена на електричната енергија.

Додека опозицијата најавуваше дека цената на електрична енергија ќе се зголемува, дека ќе имаме рестрикции, ние како Влада успеавме од октомври 2022 година до март 2023 да го зголемиме домашното производство за 45%, и да обезбедиме сигурно и непрекинато снабдување со електрична енергија за секој наш сограѓанин.

Ние како држава пред кризата увезувавме околу 30% од нашите потреби за електрична енергија, а сега со елдорадото во инвестирање во фотоволтаични и други извори на енергија увезуваме само 11% од вкупните наши потреби за електрична енергија.

Џ. Дерала

Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ