• Latest

Бизнисмени во градоначалничка трка

October 4, 2017

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бизнисмени во градоначалничка трка

October 4, 2017 17:47
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вклучувањето на бизнисмени во партискиот и во политичкиот живот има повеќе аспекти, пишува Влатко Стојановски за „Вистиномер“. Од една страна, ако станува збор за успешни бизнисмени, нивната кандидатурата е и политички профитабилна, особено на локални избори кога мал број гласови прават голема разлика.

Освен што нивните вработени се и нивни потенцијални гласачи, фактот што се успешни работодавци праќа добра порака и кон сите други граѓани, во чии приоритети, според сите релевантни испитувања на јавното мислење, влегува и локалниот економски развој – се вели во оваа анализа, во која се споменати само 13 од сите бизнисмени кои се тркаат за власт во локалната самоуправа на претстојните избори.

Меѓутоа, релацијата политика – власт, од една страна, и бизнис – компанија, од друга страна, има и една друг агол на перцепција. Имено, бизнисмените кога ќе дојдат на јавна функција, може да ја (зло)употребат позицијата во корист на својата или своите компании или, пак, на компаниите на блиски роднини. Тие не мора да го направат тоа на груб и директен начин, туку постојат безброј креативни начини како, со помош на функцијата што ја вршат и моќта што извира од неа, евентуално да го поддржат или барем да го заштитат бизнисот, без притоа да го прекршат законот.

Компании на неколку актуелни градоначалници и кандидати за градоначалници добивале тендери од државни органи и институции, раководени од нивни сопартијци, што претставува судир на интереси во поширока смисла на зборот. Потоа, некои од нив добивале и државни концесии во време кога партијата од која доаѓаат била централна власт, односно имале пристап до ресурс за развивање на бизнисот.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)

 

Tags: анализабизнисмениВистиномерградоначалницикандидатилокални избори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ