• Latest

Блед: Добрите вести фрлени во токсичниот бунар на палатата „Христо Татарчев“

August 31, 2023

Депортацијата на кримските Татари: злосторство чии последици се чувствуваат и денес

May 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

May 18, 2026

Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

May 18, 2026

Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

May 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

May 17, 2026
Константин Егерт (лево) и Игор Јаковенко (фото извор: Јутуб снимка - скриншот)

Игор Јаковенко, руски социолог, новинар и поранешен пратеник: Путинизмот е руска верзија на фашизмот, победата на Украина ќе го забрза распадот на империјата

May 17, 2026

Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

May 16, 2026

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

May 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    И на пазарот има мода

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Блед: Добрите вести фрлени во токсичниот бунар на палатата „Христо Татарчев“

Министерот Османи им објасни на гостите на Бледскиот форум дека атмосферата во неговата земја некои ја прават отровна кога е во прашање нашиот пат кон евроинтеграциите, па дури и со нецелосни или погрешни интерпретации на нечии изјави на функционерите на ЕУ

August 31, 2023 11:42
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Дали меѓу Париз, Софија и скопската палата „Христо Татарчев“ постои некаков бермудски триаголник? На оваа мисла ме поттикна македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој на вторничката дебата (29 август) во рамки на Бледскиот форум, говореше за една од темите на овој собир – брзината со која балканските земји треба да бидат интегрирани во Унијата.

Османи, меѓу другото, рече дека уверувањето на еден од врвните европски функционери Шарл Мишел, дека Балканот би се интегрирал во ЕУ до 2030 година, предизвика промена на скептичното расположение кај дел од македонската јавност, чија разочараност од недоволно отворените врати на ЕУ за нас, како кандидати за прием, може да биде од пресудна важност во овие моменти на одмерување на аргументите меѓу власта и опозицијата.

ТЕРМИН ЗА ПРИЕМ Ковачевски истакна во дискусијата дека за првпат слуша за конкретен датум за прием од висок европски функционер – насамо со Жан Мишел

Макрон за некаква дневна сет-меч топка за Шампитата

Така, после оценката на Мишел дадена во понеделникот попладне, на форумот на премиерите на поканетите во земји во Блед за – да ја наречеме така – фиксната година на приемот, барометарот на гневот покажува омекнување на локалниот сентимент тука кон Унијата.

Но Османи рече дека добрата вест траела многу кусо. Веројатно, разочараната опозиција си доби аргумент да го охрабрува својот опортунитет со брзата изјава на францускиот претседател Макрон, кој проговори нешто за различните брзини во Унијата.

И тоа само неколку часа после говорот на Мишел.

Опозицијата ова да сакаше не можеше самата да го искреира, би додале ние, бидејќи истиот дел од јавноста кој час пред тоа почна да прелетува од едно во друго расположение, се заврте назад. Тоа ѝ погодува на атмосферата која ја шири опозицијата во земјава, а неа Османи ја нарече токсична и тоа посебно го акцентираше пред собирот на кој беа неговите колеги од регионот.

ПАНЕЛ ДИСКУСИИ НА ПРЕМИЕРИТЕ Дискусијата на присутните на Форумот во Блед изобилуваа со евроскептицизам, иако говорот на Жан Мишел ја „живна“ атмосферата

Излезе дека од Кеј д’Орсеј повторно направија рикверц како пред пет-шест години кога претседателот Макрон излезе со слична формулација, па ете, ако не Брисел, тогаш Париз постојано ќе наоѓа начини да нѐ сопира на патот кон нашата стратешка цел. Јасно, Мицкоски и клапата кои постојано бара аргументи дека треба да ја „баталиме“ ЕУ, одеднаш добија, па нека е тоа наш заклучок, ненадејна, иако само дневна сет-меч топка!

Треба ли да потсетуваме дека Франција беше таа кога после Преспанскиот договор и нашиот прием во НАТО, по што ние се најдовме на брзата патека кон отпочнување на преговорите, најде изговор таа брзина да ја успори, во еден момент дури и да ја закочи, во што секако имаше добра потпора во софиските валкани амбиции на регионален план.

Тој маневар битно го намали рејтингот на владејачката СДСМ, по што постојано мораше да го слушаме папагалското барање на црвено-црните за вонредни избори, едни после други, за како крајна резултанта да дојдат изгубените локални избори во 2021 г. и оставката на премиерот Заев. Дали Макрон може да добие ново „мерси“, овој пат од Палатата „Христо Татарчев“? Бидејќи, според некои анализи, тој ја релативизира одличната позиција која земјата ја доби меѓу учесниците на Форумот во Блед, овој пат обединет околу солидарноста на европските земји.

Нашите медиуми доцна се разбудија кога е Форумот во Блед во прашање

Да се потсетиме (па и да објавиме, бидејќи, најголемиот дел од македонските медиуми речиси целосно се затвори кон настаните во Блед, како што тоа го сторија и за настаните на Атинскиот форум) дека земјава беше земена како репер за нестабилниот однос на Брисел кон кандидатите членки.

Во очите на присутните, кои доаѓаат од земји кандидати за членство, Брисел и Унијата се сѐ уште, што се вели, „подвижна мета“ која е тешко да се погоди, односно да ѝ се угоди. Српската премиерка Брнабиќ го искористи нашиот пример „со промена на името“ за да укаже дека и големи жртви не се доволни за напредок.

Премиерот на Хрватска, земја која е во Унијата подвлече дека Унијата се однесува „срамно кон Северна Македонија“ (иако овој дел од неговиот говор е исфрлен од официјалниот сајт на Владата во Загреб во однос на сѐ што Пленковиќ кажа на Форумот).

Па и делот од говорот на албанскиот премиер Еди Рама со предлогот „Хрватска да ја нападне Србија, Србија Косово, Бугарија Северна Македонија, а Грција да биде замолена да ја нападне неговата земја со што оваа би се согласила“ имаше алузија која ретко кој ја сфати. Се однесуваше на тоа дека Украина која е во војна, или Молдавија која е во слична позиција, во некоја рака, треба да бидат примени експресно, додека други држави чекаат со децении. Како да дошол некаков „happy hour“ на геостратешки план со војната во Украина (термин на хрватскиот претседател Милановиќ), па сега критериумите масовно паѓаат во вода.

Навистина, оние кои ги следат приликите од почетокот на векот, секако ќе се сложат дека и Бугарија и Романија влегоа „во клубот“ без елементарно да ги задоволат критериумите, па и тоа само по себе го шири скептицизмот како епидемија кај поразвиените членки во Унијата и секако им прави проблеми на земјите кандидатки.

Она што некои аналитичари во земјава забележаа, е дека Макрон затоа и говори за различни брзини, бидејќи излегува дека – што би рекол Рама – „Црногорците само си лежат на плажата“, одново уште една алузија кон некого што не прави ништо 15 години по прифаќањето на апликацијата, може да дојде до некаков „капиџик“ и бргу да влезе во Унијата!

КОВАЧЕВСКИ И ПЛЕНКОВИЌ Хрватскиот премиер го нарече односот на Унијата кон Македонија „срамна“

И комплементарни и различни погледи кон иднината на Унијата

Постојат разлики во однос на она што стигна до нашите уши за време на одбележувањето на празникот Голема Госпојна. Познавачката на европските политики, Симонида Кацарска, изјави за Телма дека „двете пораки за проширување на Европската унија и нејзината иднина кои стигнаа вчера од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, според кого Унијата и земјите-кандидати треба да се подготват за проширување до 2030 година, но и од претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој по 2017 година повторно го реафирмираше планот за Европа со две или повеќе брзини“ се на маса.

Според Симонида Кацарска од Институт за европски политики, двете изјави треба да се гледаат во корелација и како дел од тековната дебата која се води во Унијата за тоа како таа да продолжи понатаму, особено по кандидатурите на Украина и Молдавија и неодржливоста на статус-кво ситуацијата околу проширувањето.

Мишел во понеделникот од Словенија, зборувајќи во контекст на зачувување на кредибилитетот на Унијата, ја постави 2030 како временски рок за идното проширување.

„Ако сакаме да бидеме кредибилни, верувам дека треба да зборуваме за тајминг. Мора да зборуваме за нашата домашна работа. И имам сугестија. Додека ја подготвуваме следна европска стратешка агенда ние мора да си поставиме јасна цел. Јас верувам дека ние мора да бидеме подготвени, и на двете страни, до 2030 за проширување“, изјави Шарл Мишел, претседател на Европски совет.

Кацарска смета дека ставот на Мишел е рефлексија и на заложбата на Германија дека проширувањето треба да се забрза.

„Ова е поставено како одреден начин којшто би дал надеж на земјите-кандидати и да се креира притисок во ЕУ, дека доколку се случи проширување, мора да се направат некои внатрешни реформи. Меѓутоа, самиот Мишел не даде повеќе информации за тоа како ги гледаат реформите. Тука веројатно треба да се гледа овој говор како делумно комплементарен со она што го зборуваше и претседателот Макрон“, е ставот на Кацарска.

Но, токму францускиот претседател Макрон вчера, по годишниот состанок со француските амбасадори, испрати порака дека проширување не е можно без реформирана ЕУ.

„Ризично е да размислуваме за проширување без реформи. Можам да сведочам дека е доволно тешко за Европа да напредува по чувствителни прашања со 27 членки. Со 32 или 35 членки тоа нема да биде воопшто полесно. Ќе ни треба храброст да прифатиме повеќе интеграција во некои области и можеби дури Европа со повеќе брзини“, рече Макрон.

Притоа, Макрон не елаборираше како би функционирала таквата повеќебрзинска Европа, но додаде дека е неопходна ревизија на процедурите на ЕУ за таа да ја задржи, како што рече, својата привлечност.

Според Кацарска, токму ставот на Макрон е тој кој треба понатаму да се следи, како и дебатата кој по ова прашање ќе се води во Франција, како клучна земја во Унијата која што повторно се навраќа на проширувањето по 2018 година.

„Бидејќи земјите членки се оние кои што ќе го решат форматот и начинот на кој што ќе одвива проширувањето, имајќи предвид дека институциите на ЕУ, особено Европската комисија, е доста тивка и сѐ уште нема јасен план како ќе се оди понатаму“, вели Кацарска.

(Во однос на потребата од длабинско толкување на говорот на Макрон, препорака е да се прочитаат два текста објавени на ЦИВИЛ МЕДИА. Едниот од Зоран Иванов, а другиот од Катерина Колозова.

ПРЕМИЕРИ НА ЗАЕДНИЧКА ФОТОГРАФИЈА Кој и колку е задоволен од резултатите на Форумот?

Разрешување на косовскиот јазол

Макрон, вреди да се забележи, говореше и за други детали, пред сѐ, за спорот меѓу Косово и Србија. Впрочем, шефот на српската дипломатија во вторникот, на форумот за министри за надворешни работи доминираше со својот недипломатски речник и со кавгата со некои лица во атриумот на салата (не можеше да видиме кои беа тие лица), а, пак, премиерот Курти грубо ја отфрли идејата на Брисел во текот на првата недела на септември да дојде до нов состанок меѓу него и Вучиќ, со образложение дека „имал поважна работа“.

Според весникот „Данас“, Макрон во вторникот се заканил дека Брисел ќе ги одземе Шенген визите за српските и косовските граѓани, ако брзо не се реши проблемот со изборите во српските општини, што е јасна закана за брзината на исполнување на договорите од Брисел и Охрид. Ова е секако најконкретниот потег во однос на однесувањето на двата балкански актери во нашите локалните драми.

Што да се каже на крајот? Има сѐ уште разлики во Брисел околу интеграциите. Бледскиот форум покажа дека Србија е евроскептична, но нема „план Б“, Албанија има премиер кој е „трагичен оптимист“, иако евроинтеграциите одат бавно, додека Црна Гора си смета дека е на самата врата на Европската унија.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача, што може да се смета за најточна дефиниција после Форумот, упатена до земјите-кандидати, дека не смета дека е важно тие истовремено да влезат во Европската унија.

„Единствено правилно е индивидуално да се мерат придонесите и заслугите на секоја држава. Никакви билатерални тешкотии не треба да бидат причина за одложување на нечија интеграција. Продолжете со реформите, обезбедете политичка безбедност дома и држете се до ентузијазмот наместо до цинизмот за европската интеграција“, рече тој.

Ова значи директна порака до Мицкоски и неговите кочничари да се вратат на теренот на реалноста и да ги изгласаат промените во Уставот, што останува наша домашна задача.

„Подобро е да си во спориот автобус на Унијата отколку во руски авион“ – порача, патем, толку споменуваниот албански премиер Рама.

Текстот е личен став на Авторот.  Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: Бледски форумдатум за прием во ЕУевроскептицизаминтеграцииопозиција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ