• Latest

БЛЕСКАВИОТ КАМЕН ВО КРУНАТА НА ПРОФИТЕРИТЕ: Македонските трговски фирми – меѓу најпрофитабилните во регионот

February 21, 2025

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

БЛЕСКАВИОТ КАМЕН ВО КРУНАТА НА ПРОФИТЕРИТЕ: Македонските трговски фирми – меѓу најпрофитабилните во регионот

Во листата на најдоходовни фирми на земјава трговците на мало се држат одлично, дури и многу подобро од фирми што нашата свест ги прима како гиганти! Истите тие можат да се натпреваруваат и во регионални рамки. Македонските и хрватските трговци се пример за доходовност по вработен што е еден значаен индикатор. Таа моќ не може, а да не се рефлектира и по нивната позиција во однос на извршната власт, што создава сериозна криза во областа на економско-социјалните односи.

February 21, 2025 12:17
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Додека кај нас траат препукувањата, па и кавгите меѓу потрошувачите и Синдикатот од една страна и одговорните за високите цени во трговијата за широка потрошувачка – Владата и трговските фирми – од друга, деновиве една вест која доаѓа од регионот го привлече нашето внимание. Имено, еден од најголемите македонски трговски синџири „Стокомак“ предвидува отворање на пет модерни дисконти наскоро на српскиот пазар и тоа во Пирот, Ниш, ​​Параќин, Лесковац и Панчево, а компанијата е во финални преговори за уште неколку други локации, како што објави Ритејл Србија.

Фирмата „Стокомак“ кај нас има 70 маркети и влегува во самиот врв на компаниите од овој сектор и позната е по тоа што често има и попривлечн цени, погодни и за оние со понизок стандард. Сепак, ако оваа фирма може со такви цени да се шири постојано (основана е пред 27 години), како да се коментира профитот на оние другите што за народот се поскапџии. Ако такви профити постојат, зошто новооснованата Трговска комора, формирана деновиве (!) заради настаната ситуација, односно притисокот на јавноста кон нив, дава такви фаталистички прогнози за своите членки?

ПРИХОДИ Трговијата носи сѐ повеќе приход, но и пристоен профит (Photo by Mufid Majnun on Unsplash)

Едни го чуваа стандардот, другите по нив – интересот на олигарсите

Никој не може да ја порекне вистината дека една од најзначајните разлики од владеењето на претходната владина гарнитура (онаа пред мај 2024 година) и оваа сегашнава, на економски план е токму борбата за чување на стандардот на граѓаните, со акцент на заштита на покревките социјалните слоеви. Кабинетот на премиерот Мицкоски – зависен од влијанието на Стопанската комора, дури може да се рече дека условен од нив, дури и влечен за ракавот – е немоќен. Дури и покрај потребата да опстои трипартизмот во земјата како едно наследство на плуралистичката демократија, засега го одбегна дијалогот со работничките претставници за утврдувањето на минималната плата, инсистирајќи на „точни бројки“ околу  т.н. синдикална потрошувачка кошница. (Прочитајте и: „ЛОГИКАТА НА МИЦКОСКИ: Ако немате за леб, јадете колачи“, ЦивилМедиа, 13/02/25)

Шефот на Владата со однесувањето на овој план наиде на вистинска луња во одгласите на граѓаните, толкави што дури и медиумите што постојано му се наклонети го бомбардираа со критики. Засега Владата, во очевидно отсуство на премиерот од земјата кога е „густо“ по низа внатрешни прашања, па дури и во своевидна бежанија и на министерот за економија Дурмиши, кој исто така деновиве се оддаде на надворешна политика (!), донесе некакви мерки кои не ја задоволуваат ниту една страна; па не е јасно дали социјалниот дијалог отишол на некое скалило погоре кон компромис или се наоѓа на врвот на егзистенцијалниот вулкан.

ВКУПНИ ПРИХОДИ НА НАЈГОЛЕМИТЕ МАРКЕТИ ВО РЕГИОНОТ ЗА 2023 ВО МИЛИОНИ ЕВРА (Извор: pari.com)

Додека премиерот е во САД, а министерот во Катар…

Деновиве, погласни во тоа одмерување на силите се трговците кои се лути на она што на Илинденска број 2 го донесоа на седницата во вторникот, на 18 февруари. Се работи за одлука за ограничување на бруто профитната маржа (БПМ) во трговија на големо и на мало и одлука за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, единствениот дежурен во тој миг на шалтерот на интересот на јавноста за својата судбина, кажа дека Владата донела одлука со која се ограничува маржата во трговија на големо и трговија на мало на 102 групи на производи или на над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи. И тоа: на 5 отсто БПМ на основните осум прехранбени производи и тоа млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко.

ПОТРОШУВАЧИТЕ НА МАКА Нивните пари одвај стигнуваат до првата недела од месецот (Photo by Tara Clark on Unsplash)

Ова делува утешно, навидум, ама тоа значи дека цените на овие производи, секако битни за дневната потрошувачка, остануваат исти на нивото на кое се денес, а тоа за најголем дел од населението е оценето како изгор и неприфатливо. Постојат и осум групи на производи, каде профитната маржа се ограничува на 10 отсто како што е месото и преработките од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини, и на ограничување на 15 отсто на средства за хигиена и свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија итн. Одлуките ќе важат по објавување во Службен весник, а ќе траат времено (!), односно само до крајот на април.

Практично, владината мерка е обид да се покаже грижа за велигденско-рамазанската кошница на производи со замрзнати, а не и намалени цени. Во однос на сегашната незавидна позиција на купувачот, во маркетите нема промени. Ќе остане сѐ по старо и тоа само во наредните 60 дена! Потоа може да има потоп.

ДОБИВКА НА НАЈГОЛЕМИТЕ МАРКЕТИ ВО РЕГИОНОТ ЗА 2023 ГОДИНА ВО МИЛИОНИ ЕВРА (извор: pari.com)

Профитерите жестоко го штитат својот интерес

Трговците реагираа како и нивните, далечни во времето, колеги од ерусалимскиот храм – оној од Библијата – бидејќи не се задоволни со она што Владата го бара од нив. Дали се во право, тоа е централно прашање во мигот?

Како што изјави неодамна Даница Блажевска од „Рептил маркети“, претставниците на трговците и дистрибутерите побарале да има реално намалување на цените (само) на 100 до 200 производи.

„Бараме да се намали големиот број на производи кои се опфатени во мерката и да се сведе на 100 до 200 кои се вистински потребни, бидејќи сега се опфатени над 1.000 производи. Тоа создава проблем во секојдневното работење за контрола на цени за да добиеме подобри цени од произведувачот и добавувачот. Тоа е многу напорно и не може да се постигне доволна контрола, бидејќи, се случуваат злоупотреби со картончињата на кои се напишани цените, ги вадат, паѓаат. Тоа, пак, ни создава голем ризик фактор дека може да дојде инспекција и да ни најде дека е неодбележана цената“, рече Блажевска по средбата во Министерството за економија и труд.

НЕ ИМ ОДИ ЛОШО Колку и да им се лутат на трговците на мало, касите им се полни (Photo by Victoriano Izquierdo on Unsplash)

Ако лаже козата, рогот не лаже

Но, да ја тргнеме дебелата театарска завеса од дневната социјално-економска сцена. Така, според објавените податоци во порталот Фактор за работењето на 100-те најголеми фирми во земјава, генерално најзастапена економска дејност во тие компании е трговијата без разлика дали е тоа трговија на големо или на мало, ниту пак дали е трговија со струја, горива, тутунски производи, автомобили, лекови или стоки за широка потрошувачка. Повеќе од 40 компании на листата го имаат атрибутот трговски фирми без разлика на стоките или услугите што се нивна специјалност.

ВО ДОБРО ДРУШТВО „Веропулос“ има највисока профитабилност во гранката

Ги побаравме, за потребата на темата, само оние од листата во кои потрошувачите влегуваат на дневна основа, пред сѐ, оние каде што се намируваат основните потреби. Така, „Кам ДОО“ трговија на мало е 10-та на таа ранг листата на доходовност (приход од 187,5 милиони евра или чист доход од 5,1 милиони евра, односно 2,7 отсто од приходот).

ПОДОЛУ НА ЛИСТАТА „Стокомак“ има и амбиции за ширење вон државните граници

На 23-то место е „Тинекс“ со годишен приход од 102,6 милиони евра, профит од 2,6 милиони евра или 2,5 отсто, додека „Кипер маркет“ е веднаш зад него со приход од 99,3 милиони евра и добивка од 4,8 милиони евра или исто толку процентни поени.

СКОК „Жито Велес“ порано не беше воопшто видлив

Веќе споменатиот „Стокомак“ е на 29-то место со приход од 94,5 милиони евра и доход од 3,6 милиони или 3,8 отсто од приходот. Звучното име „Веропулос“ е на 36-то место и профит од 10,3 милиони евра (!) или волшебни 12 отсто.

ДВА МАРКЕТИ ЕДЕН ДО ДРУГ Ниту „Кам“ и „Кит-го“ не се даваат во приходноста

По подолга листа на фирми од други дејности на 52-ро место е „Кит-го“ со 61,5 милиони евра, 2,2 милиони евра профит или 3,3 отсто. На 59-то место се искачи некогашниот аутсајдер „Жито Велес“ со 58,4 милиони евра или профит од 1,1 милион евра или 1,9 отсто од прометот. Некогаш звучниот „Рамстор“ е под него, на 63-то место со приход од 53,4 милиони евра, добивка 1,4 милиони евра, или 2,6 отсто. Со тоа завршува листата на најголемите трговци на мало во 100-те најголеми по приходот, кој изнесува над 12 милијарди евра.

Но, овој поглед не е доволен за да се сфати колку оваа дејност е доходовна, бидејќи, на секој чекор никнуваат маркети од овој тип, нешто како што некогаш се појавуваа масовно кладилниците. Јасно е дека тоа е дејност која просто се исплатува.

Ниските плати на вработените се еден можен одговор за доходовноста на трговските фирми. Еве еден поглед на нашите трговци по доходовноста, добиена по вработен, во анализа на порталот „Пари“ која покажува дека македонските маркети се на самиот врв во регионот ‒ со 5.459 евра профит по вработен. Зад нив се трговските синџири во Хрватска со 5.404 евра добивка по вработен, иако оствариле многу поголеми приходи по вработен, дури 219.644 евра, со што по промет се на прво место во регионот. Приходот по вработен во македонските маркети изнесува 145.780 евра. Најголемите маркети во Србија и во Црна Гора имаат полоши перформанси од македонските и од хрватските. Приходите по вработен на најголемите маркети во Србија изнесуваат 109.470 евра, а во Црна Гора 102.879 евра. Профитот по вработен во српските маркети изнесува 3.444 евра, а во Црна Гора е 3.405 евра.

Секој ден во секој поглед напредуваме, особено во подигнување на цените

Треба ли да напоменеме дека Хрватска е првата земја каде се јави бојкотот на трговците и потоа се прошири низ целата екс-Југославија, со тоа што кај нас како да губи здив, а онаму каде што куната се замени со евро, се продолжува на бојкот од три дена неделно! Во Загреб инфлацијата се појави токму при таа промена на валутите кога трговците – итромани божем се „усогласуваа“ со тој момент, ама го искористија мигот да си ја продолжат чергата, а да ја скусат истата на муштериите. Преку ноќ.

Македонија како држава која по бројот на жителите и по учество во џи-ди-пито во екс-Југославија го држеше скромниот скор од 5 отсто во двете категории. Но затоа сега стои многу добро во некаков имагинарен натпревар по доходовност во тој простор, меѓу трговските мрежи на поголемите фирми. На топ листа од 25 најдоходовни фирми во оваа категории  нашите „комити“ го држат 9-то, 14-то, 15-то, 16-то, 17-то, 19-то и 25-то место.

Слични се резултатите и по мерење на чистиот приход (профитот) што може да се види и од приложените табели. Тоа се, сепак, податоци добиени лани во октомври врз основа на резултатите од 2023 година. За такви споредби за лани ќе треба барем малку да почекаме. Но тие секако ќе го покажуваат истото: нашите трговци не се даваат, ним им оди добро и подготвени се да се шират во регионот. Како ретко која друга гранка. На нивната глава е круната на профитабилноста.

Специјално за ЦивилМедиа.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ