• Latest

Блокади низ државата против европскиот предлог, МВР со апел да не се блокираат автопати, тоа е противзаконски, Украина нема да жртвува територии за мир со Русија

July 8, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Блокади низ државата против европскиот предлог, МВР со апел да не се блокираат автопати, тоа е противзаконски, Украина нема да жртвува територии за мир со Русија

July 8, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Блокади пред Владата и низ државата против европскиот предлог, од МВР велат противзаконски е блокирање автопати

Денеска попладнево протестирачите го блокираа булеварот пред Владата, како и магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп. Блокадите се одржуваат денес, а за в недела е најавен нов протест под мотото „Ултиматиум, не благодарам“.

Од МВР велат дека блокирање автопати е спротивно на законот.

Согласно, член 2-а од Законот: „Јавен собир заради мирно изразување на мислење или протест може да се одржува на секое место кое е соодветно за таа намена, освен: до здравствени установи, на начин кој го оневозможува пристапот на возила на брза помош и го нарушува мирот на болните, до детски градинки и училишта додека децата престојуваат во нив и на автопатишта и магистрални патишта, на начин со кој се загрозува патниот сообраќај“. Во членот 4 од истиот закон стои: „Заради заштита на правата на граѓаните, нормалното одвивање на сообраќајот, снабдувањето на населението со лекови, храна, гориво и слични неодложни потреби, како и заради почитување на обврските од меѓународни договори, организаторот на јавниот собир е должен да го обезбеди одржувањето на редот на јавниот собир и да организира редарска служба, информира МВР.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен изјави дека Киев не е подготвен да жртвува дел од својата територија за мир со Русија.

„Украинците не се подготвени да се откажат од својата земја, да прифатат дека овие територии и припаѓаат на Русија. Ова е наша земја“, наведе Зеленски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со Европската Унија, а која ја претстави Француското претседателство со Унијата е проследена во законодавниот дом на разгледување и носење натамошни заклучоци согласно со процедурите. Одлуката за тоа ја донесе Владата вчера на седница, откако ја разгледа Информацијата од Министерството за надворешни работи за предлогот, што стаса во Собранието, но седница се уште не е закажана.

ЕК По испраќањето на ревидираниот француски предлог, видовте дека премиерот Ковачевски најави широк процес на консултации со сите релевантни чинители, овој процес е во тек и се разбира одлуката за овој ревидиран предлог е суверена одлука на Северна Македонија, одблиску ги следиме настаните и дебатите кои се одвиваат, изјави портпаролката за проширување, Ана Писонеро.

ПРАВДА Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше на првата констититутивна седница за нов Граѓански законик. Со ова, продолжува да се реализира најголемата реформа во сферата на граѓанското право, а и во правото воопшто.

ОДБРАНА „Одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави секоја година достигнува нови врвови, нови успеси, а заслужни за тоа се сите вработени во Канцеларијата за одбранбена соработка и соработниците од Министерството за одбрана“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со досегашниот шеф на Канцеларијата, Ден Маеда и новопоставениот шеф, Шон Руфоло.

СОРАБОТКА Онлајн состанок на лидерите на Отворен Балкан: Нашата соработка е конкретна, за силен економски регион подготвен за членство во ЕУ

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го напушти министерскиот состанок на Групата Г-20 додека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок од говорницата ја критикуваше Москва заради војната во Украина.

*
Национална аеронаутичко-вселенска администрација на САД, (НАСА) тврди дека Русија ја користи Меѓународната вселенска станица за политички цели, конкретно за поддршка на војната во Украина, пренесува МИА.

СЛОБОДНА ЗОНА

Лидерот на опозициската Левица, Димитар Апасиев, на 5 јули најави радикализација на протестите против францускиот предлог, а откако протестите станаа порадикални, односно насилни, од партијата се дистанцираа. Ги хушкаше членовите, симпатизерите, поддржувачите да се радикализираат, а потоа ги пушти „низ вода“. Се оградува од нив демек беа „провокатори“, „полициски инфилтратори“ „ЦИА“, бла, бла… Уапсените дечки, кои беа нахушкани, сега ќе се влечкаат по судови, затвори, а тој и понатаму ќе си биде пратеник и ќе зема плата, и тоа од Собранието на Република Северна Македонија, пишува Дехран Муратов во колумната „Хушкачите на слобода – заведените во притвор!“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ