• Latest

Бонева.

December 12, 2017

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бонева.

December 12, 2017 12:33
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во јануари 2015 дознавме дека Бонева на име патни трошоци во Собранието земала 23000 евра за 11 месеци од 2014 година. Поминаа речиси три години па во ноември 2017 дознавме дека Бонусова на име патни трошоци во ДИК земала 24.000 евра.

Пишува: Денис Јанкуловски

Ај сега една ваква математика.

Прво за ДИК. Во ДИК е две години:

патни трошоци = 24.000 евра

плата = 24.000 евра

бонуси = 12.000 евра

Вкупно во ДИК = 60.000 евра

Второ за Собрание. Во Собрание Бонева работи од 2002 континуирно до 2014 година. Значи 12 години зема пратеничка плата и патни трошоци:

патни трошоци само за 2014 = 23.000 евра

патни трошоци за останатите 11 години = приближно 200.000 евра, ѓутуре.

плата за тие 12 години во Собрание = приближно 140.000 евра, ѓутуре (ако платата се движела околу 1000 евра)

Вкупно во Собрание = приближно 363.000 евра

Вкупно во ДИК и Собрание = приближно над 400.000 евра (можеби и нешто повеќе, познавајќи ја сигурно не е помалку).

И сега, од оваа математика може лесно да се заклучи дека Силвана Бонева не е ниту народен пратеник, ниту член во ДИК, туку е обична дрчнотија за пари на сметка на граѓаните. Таа е олицетворение на се она што гази за пари, гази сè пред себе и не почитува ништо само за свое богатење.

Таа е ѓавол.

Еве настрана платата од двете места. Ај, ќе речам дека платата секако ќе ја добиела. Секако доколку одела на работа онолку за колку што е платена. А, чисто се сомневам.

Патните трошоци. Без усул. Значи крадење, крадење и само грабање со крадење. За сите овие години како е функционерка таа лапнала околу 250.000 евра патни трошоци.

Имам стопати посочено колку се многу пари и што значат тие и што сè може да се направи со нив. Ама еве да се потсетиме.

Со тие пари можат да се пратат многу дечиња на лекување и излекување во странство, да им се помогне на многу семејства кои имаат дечиња со, за мене друг вид потреби, да се обезбедат, едуцираат и обучат стручни лица кои и тоа како ќе им се најдат на тие семејства, да се згрижат многу бездомници и тоа на подолг период, да им се помогне на семејства кои се социјални случаи, ама оние најсиромашните.

Со тие пари може да се асфалтираат или направат патишта за дечињата кои пешачат со километри до училиште. За нив можело дури и да се обезбеди превоз. Да се испечатат и однесат книги и учебници за нашите дечиња во Албанија кои молат за барем два учебника.

Со тие пари барем дел од војската и полицијата ќе добиеле нови униформи.

Со тие пари можеле да се обезбедат реагенси во Здравството, да имало основен материјал за работа затоа што клиниките, болниците и амбулантите доаѓале во ситуација да враќаат пациенти затоа што немале игли, фластери…

Многу работи со тие пари можело да се направат. Но, и не можеле. Затоа што тогаш Силвана Бонева, бесчувствителната паролапачка немала да има станови, коли, немала да има Луј Витон ташни, немала да оди на 5 годишни одмори. Немала да спие на пари.

И не е само Силвана, таа е можеби најочигледен пример. Тука е и Дума. Има многу други. И тоа што боли е што тие воопшто не покажуваат каење за стореното. Едноставно тие сметаат дека се безгрешни.

Дури се осмелуваат да бидат безобразни во своите изјави, да покажуваат крајно непочитување кон оние кои ги избрале и донеле на тие позиции. Народот. Очигледно дека не сакаат да го видат проблемот што сите ние од оваа страна го кажуваме. Затоа што тоа ќе ги боли. И треба да ги боли.

Затоа што болката на народот е голема. И затоа мора да се стави крај на сето ова. За да помине во навика и начин на делување на функционерите.

Тие не се чувствуваат одговорни. Но, ние мора да им покажеме дека не само што се одговорни, туку и дека ќе си одговараат за се ова што го направиле.

Доста е крадење од народот!!!

п.с. Се надевам дека нема да чекаме наредни две години за да дознаеме нешто ново за лакомата Бонева.

 

Tags: ДИКкражбаодговорностпатни трошоциСилван Бонева
Share504TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ