Целта на лажните профили, таканаречени “ботови” е преку злоупотреба на моменталните случувања да се одржува, односно зголеми тензијата и да се обезбеди поделеност помеѓу населението од чисто профитерски аспирации.
Истите најчесто дејствуваат во групи и може да се регистрираат како реакции на:
– Политички постови
– Фејсбук групи (или некоја друга мрежа, платформа и сл.), креирани со цел извртување на реалноста и креирање на таканаречена алтернативна вистина
– Портали креирани со иста цел (извртување на вистината и со тоа креирање на јавно мислење, преку пласирање на лажни или полувистинити информации)
– Активности на социјалните мрежи на навивачките групи итн.
Лазар Ефремовски
„Лажни профили организирано поттикнуваат омраза и повикуваат на крв“
08.11.2020 година