Репортери без граници Германија и Tactical Technology Collective ги повикуваат новинарите и блогерите од репресивни држави од целиот свет, на два месеца престој во Берлин, во втората половина на 2016 година и работење на проект, по сопствен избор, со кој ќе се обидат заеднички со организаторите, да бидат инспирација за промените потребни во светот и зајакнување на Берлин како центар на креативна заедница
Огранизаторите сакаат на новинарите и блогерите да им помогнат во поголема дигитална безбедност. Тие ќе добијат обука за дигитална безбедност од искусни обучувачи и ќе се запознаат со внатрешната работа на организациите-домаќини.
Секој новинар или блогер ќе добие стипендија за престој, а за да се квалификуваат, треба да потекнуваат од репресивна земја, да имаат лично искуство со закани и малтретирање во нивната новинарска работа. Исто така, треба да користат во голема мера дигитална технологија во нивната работа и да се плашат од набљудување во својата земја или регион и воедно да се отворени да го прошират знаењето за дигиталните вештини и безбедност.
Пожелно е новинарите и блогерите да имаат желба да рабатат како мултипликатори и да сакаат стекнатото знаење да го промовираат во својата земја.
Стипендијата изнесува 800 евра месечно и во неа се вклучени сместување, осигурување, повратни билети, јавниот транспорт и другите потребни трошоци за престојот во Берлин.
Организаторите, меѓу другото, обезбедуваат и пристап до меѓународната мрежа за поддршка и можност да се присуствува на возбудливи настани поврзани со дигиталните безбедносни прашања во Берлин.
Пријавувањето трае до 31 јули, а по пополнување на формуларот за учество, апликациите ќе се оценуваат според неколку критериуми, како што е релевантноста и иновативниот потенцијал на предлог-проектот.
За оваа намена организаторите го креираа „Центарот за дигитална слобода“, проект финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.