• Latest
Добро утро со Орданоски

Бугарско-македонски будалаштини, без превод

December 13, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Бугарско-македонски будалаштини, без превод

Нашите, балкански Академии на науки главно постојат за да ги зацврстат националните митологии за тоа кој е најстар, најпаметен, најитар, најуспешен и, воопшто, нај-нај-нај во секој поглед во регионот. Кога, пак, се работи за два народи кои имаат толку блиски култури и истории како Македонците и Бугарите, тие националистички еуфории често се повеќе политички, одошто научно фундирани.

December 13, 2019 07:28
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Каква смисла има во 2019 година сè уште некој, овде, да се вознемирува за тоа што рекла Бугарската академија на науки за постоењето на македонскиот јазик или нација? Нивното соопштение ниту во Бугарија не предизвика некакви сериозни реакции во тамошниот нормален свет, па зошто овде треба да трошиме време и енергија за таа контроверзна вест?

Академиите за науки (и уметности) се измислици на 17, но особено на 18 и 19 век, не само како одраз на пробивот на просветителството, на хуманизмот и на почетокот на систематскиот развој на науките (пред сè) во западниот свет, туку и како производ на концептот на националните држави и нивното етаблирање како водечки концепт за организација на општествата.

Според тоа, национализмот е дефиницијата на постоењето на општествените дисциплини на ваквите Академии. А во држави како Македонија или Бугарија, во кои и така со децении ништо значајно не се случува како важен продор во техничките или природните науки, нормално е дека академската енергија масивно ќе се троши во интерпретативните области на историјата, литературата и сл.

Нашите, балкански Академии на науки главно постојат за да ги зацврстат националните митологии за тоа кој е најстар, најпаметен, најитар, најуспешен и, воопшто, нај-нај-нај во секој поглед во регионот. Кога, пак, се работи за два народи кои имаат толку блиски култури и истории како Македонците и Бугарите, тие националистички еуфории често се повеќе политички, одошто научно фундирани. Во македонскиот и во бугарскиот социјализам многу се инвестираше во градењето наративи втемелени врз теолошки, „апсолутни вистини“, за така лесно и ние овде и тие таму да се откажеме од нив. Па, ни мастилото на Договорот за добрососедство уште не ни е асолно исушено!

Но, вчера не ме мрзеше, тарашкав малку на интернет, најдов по еден бугарски и еден македонски превод/препев на Шекспировата трагедија „Макбет“. На македонски го читав оној на академик Богомил Ѓузел (од 1971 г.), на бугарски на Валери Петров (од 1974 г.)…

Прекрасно е тоа читателско, двојазично искуство! За сублиминалните дострели на Ѓузел, нашиот (меѓу другото) сè уште најзначаен преведувач на англофонска литература (негови се дури 18 преводи на драми од Шекспир!), немам многу што паметно да додадам. Но, уживав и во бугарскиот превод на Петров – иако, искрено, разбрав едно 70-80 отсто од прочитаното.

Зборот ми е, наместо да трошиме злоба и пцовки едни за други (и за трети!) и да си ставаме чемер на нашето и онака дождливо декемвриско расположение толкувајќи и одговарајќи на вакви или онакви меѓунационални провокации и политикантски итроштини, земете некоја убава книга на бугарски – мене тој јазик ми прозвучува како легато варијанта на нашиов стакато македонски – и обидете се да се пробиете низ тој нам близок, прекрасен јазик.

Тоа барем, најголем дел од етничките Македонци, можеме да го правиме со бугарскиот и српскиот јазик, кога веќе не сме биле паметни да поднаучиме и нешто албански или грчки.

Ајде, ајде, празници се ближат, ставете малку насмевки на вашите тмурни лица… Еве, нека бидат македонски насмевки, на тие на кои тоа толку им значи!

 

 


Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ