• Latest

Бумерангот на руската пропаганда

January 16, 2023
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Бумерангот на руската пропаганда

January 16, 2023 12:07
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Се сеќавате на она видео од руската пропагандна кујна некаде на крајот на септември или почетокот на октомври минатата година?

Ако не, повелете видете го или потсетете се уште еднаш:

https://www.youtube.com/watch?v=bMxtoZXm2hs

Гледаме како некое типче со „Газпром“ брендирана јакна го затвора вентилот и го запира гасот кон Европа и останатите западни земји и кај нив настапува долга и студена зима.

Ова е само едно повеќето видеа со сличен стил што ги избравме за оваа анализа со заедничка тема за енергетската криза со којашто ќе се соочат Европјани произведени во висококвалитетна, професионална продукција. Сите видеа имаат англиски преводи, што укажува дека се насочени кон странска публика.

 Ако не успее од прва, тогаш обидете се повторно, и повторно и повторно…

Но, видеото што се појави неколку дена пред католички Божик како да го изрази незадоволството на руските пропагандисти од претходно објавените спотови. Веројатно затоа за време на празничните денови ја објавија следната пропагандистичка видео сторија што ви ја презентираме со бизарен наслов „Европа ќе ги изеде своите миленичиња за да го преживее Божик“, инспирирани од прогагандистичката лекција со наслов „Ако не успее од прва, тогаш обидете се повторно, и повторно и повторно…“

Премногу е „гадно“ видеото за да ви го прераскажуваме, но еве го линкот за оние со поздрав желудник:

https://www.youtube.com/watch?v=8D6WwUoXfc0

Голем број пропагандисти на Кремљ помогнаа да се рашири видеото и тоа многу бргу, особено на социјалната мрежа Телеграм, и вкупно со прегледите на другите социјални мрежи зе неколку дена имаше повеќе од еден милион кликови.

Секое објавено видео е сè повеќе откачено и ептен далеку од реалноста. Иако ЕУ минатата година навистина имаше грижи како да обезбеди енергија, особено гас, земјите членки на унијата, па и останатите, ги наполнија складиштата за гас до 80% од капацитетот до почетокот на ноември, како што беше планирано, а до крајот на 2022 година, залихите достигнаа повеќе од 95%. Дополнително, цените на бензините во Европа паднаа на нивоата пред инвазијата на Украина, а цената на гасот дури стана и пониска од онаа во јануари претходната година.

 Којзнае… Можеби ова видео навистина ќе ве убеди да заминете да живеете во Русикја

Едно претходно пропагандистичко видео, кое веројатно го видовте кога руската амабасада во Мадрид го лансираше, доби посебно почесно место во најголемите утки на руската пропаганда.

Видеото е наменето за странци и започнува со кадифест баритон кој на англиски јазик со руски акцент ги повикува странците да се преселат во Русија. Да, да, да се преселат во Русија зашто таму ги очекуваат руските „убави жени, евтин гас и традиционални вредности“.

Ама видеото има неколку сериозни утки. Прво, една од „убавите жени“ прикажана во клипот е украинска манекенка Соња Капитонова, којашто војната ја затекна во Франција и којашто како реакција на видеото изјави дека нејзиниот татко е накаде на фронтот и се бори против руската инвазија.

Но, тоа како да не било доволно, па утките и иронијата продолжуваат, односно започнува со кадар со комунистичкиот грб на Украина со украинско писмо, преку кој кадифестиот баритон вели „Ова е Русија“.

Еве, видете и сами:

Единствената референца на војната во Украина во видеото е пораката дека Русија има „економија што може да издржи илјадници санкции“ и дека затоа треба да побрзате да се преселите во оваа земја зашто „зимата доаѓа“.

Заради сите овие грешки, кон кои некои го придодаваат и кадарот „плодна земја“ кој со жолтото поле и синото небо алудира на украинското знаме, се проширија гласови дека видеото е всушност анти-руска пропаганда „зготвена“ во некој од западните центри, но угледниот портал „Полиграф“, коj проверува факти, потврди дек станува збор за спот што подготвен во Русија и дека прво беше лансиран на Твитер сметката на руската амбасада во Мадрид.


Текстот е личен став на Авторот. Избор на фотографии: Авторот. Колаж: Редакција. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Tags: амнализируска агресија врз Украинаруска пропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ