Германската економија се соочува со голем број домашни ризици, од високите цени на недвижнините до слабите банки, но инвеститорите можеби ги игнорираат слабостите со оглед на економската состојба во државата, објави денеска Бундесбанк.
Германија, најголемата економија на еврозоната, е двигател на извонредното закрепнување на блокот, со показатели кои укажуваат на сè пошироко проширување со помош на вонредни стимулации на централната банка.
Германската централна банка во редовниот извештај за стабилност соопшти дека постои опасност ниските каматни стапки и поволните економски услови во Германија да предизвикаат учесниците на пазарот да ги потценат ризиците.
– Банкарскиот сектор во моментов е силен и способен да се справи со ризиците, но ниските каматни стапки ја загрозуваат нивната долгорочна профитабилност, зголемувајќи го мотивот да преземат поголем ризик во надеж за повисоки приходи, додаде Бундесбанк.
Цените на станбениот имот можат да бидат преценети од 15 до 30 проценти, а ризиците што произлегуваат од станбените кредити и понатаму се чини дека се ограничени. Според банката, пресврт во цените на куќите може да има „огромно“ влијание врз банките.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.