• Latest

Хан повторно во Македонија, Вајгл бара почитување на демократските правила!

March 16, 2017
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хан повторно во Македонија, Вајгл бара почитување на демократските правила!

March 16, 2017 11:51
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во вторник следната недела доаѓа во посета на Скопје. Се очекува, Хан да се сретне со лидерите на парламентарните политички партии, но сепак, изгледа неговата најважна задача ќе биде да изврши притисок врз претседателот Ѓорге Иванов, во кратката пауза на Иванов во Македонија, меѓу враќањето од од Азербејџан и заминувањето во Австралија.

Во разговорите со Иванов, се очекува Хан да го потврди уште еднаш својот став кој претходно го објави на социјалните мрежи.

„Во однос на последниот развој на настаните во Македонија, сите политички лидери, вклучително и претседателот Иванов, мора да го почитуваат исходот од неодамнешните избори. Во демократијата, мора да се признае парламентарното мнозинство, дури и ако тоа не го сакате. Затоа, очекувам сите политички лидери и институциите да му дозволат на демократскиот процес да се одвива по својот тек, во интерес на граѓаните“, порача Хан, преку соопштение на Твитер, откако Иванов одлучи да не му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Хан денеска е во Сараево каде ќе одржи состанок со премиерите на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот премиер во заминување, Емил Димитриев.

За најновиот развој на ситуацијата во Македонија, загриженост изрази и известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, кој најави  дека во Стразбур ќе има работен состанок со европратениците задолжени за Македонија, Ричард Ховит и Едуард Кукан и со комесарот Јоханес Хан, за состојбите и за евентуалната помош за Македонија.

Иво Вајгл

„Нашиот единствен мотив е цело време да бидеме објективни и корисни за македонската држава и македонскиот народ. Таа објективност ја задржав од првиот ден,  не сум навивач ниту за едната ниту за другата опција. Но, се знае како се игра по правилата на демократијата, тој што е способен да има мнозинство во парламентот има право да формира влада. Тука нема друга варијанта“, според МИА, децидно изјавил Вајгл.

„Мислам дека почетокот на таа приказна е состанокот во Тирана, кој е непримерен. Тоа го реков кога премиер на соседна држава повика претставници на политички партии да се договараат за владина програма. Тој како чин вреди да се осуди, но тоа не е доволно голема причина за да не се создаде владата и да се продлабочуваат меѓуетничките конфликти. Тоа не е добро и штетно е за интересите на Македонија како држава“, изјавил Вајгл, според МИА.

Tags: владаЕмил ДимитриевЗападен БалканЈоханес ХанмандатСараево
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ