• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Честитки за Шекeринска од сите страни, само не од македонскиот државен врв

November 20, 2024
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Честитки за Шекeринска од сите страни, само не од македонскиот државен врв

November 20, 2024 11:06
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Откако генералниот секретар на НАТО, Марк Руте ја именуваше Радмила Шекеринка, поранешна министерка за одбрана и вицепремиерка за евроинтеграции на земјава за заменик генерален секретар на Алијансата, меѓу првите кои испратија честитки беше амбасадорката на САД во Северна Македонија, Ангела Агелер, која, во честитката за Шекеринска, упати честитка и на премиерот Мицкоски, и на Владата, за, како што кажа, поддршката за нејзината кандидатура.

„ Чеситки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер на мрежата Х.

Очекувано, честитки  за назначувањето за заменик-генерален секретар на НАТО, Шекеринска доби од  нејзините сопартијци од СДСМ, од дипломатскиот кор во земјава, но и пошироко, од високи функционери од ЕУ и регионот.

Во честитката од ДУИ по повод именувањето на Шекеринска, се вели дека ова не е голем успех само за Шекеринска, туку и за Северна Македонија:

Ова е голем успех не само за г-ѓа. Шекеринска, но и за Северна Македонија, која преку ова назначување ја покажува својата посветеност на евроатлантските вредности и стандарди. Како партија која секогаш ги поддржувала евроатлантските интеграции на нашата земја, го цениме ова достигнување како важно признание за заедничките напори на сите граѓани на Северна Македонија. Г-ѓа Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност и убедени сме дека достојно ќе ја претставува нашата земја на оваа висока функција“.

Честитки упатија и албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани и косовската претседателка Вјоса Османи

„ Честитки до Радмила Шекеринска од Северна Македонија за нејзиното именување за заменик генерален секретар на НАТО. Задоволство е да се види оваа важна улога за првпат доверена на истакнат претставник на сојузник на НАТО од Западен Балкан“, истакнува Хасани.

Во честитката за именување за заменик-генерален секретар на НАТО Алијансата на Радмила Шекеринска, косовската претседателка Османи напиша:

„Ми беше чест да работам со неа во изминатите години, особено на унапредување на Агендата за жени, мир и безбедност. Со нетрпение очекувам да продолжи соработката за нашите заеднички приоритети и и посакувам многу успех во нејзината важна нова улога“, напиша Османи на социјалната мрежа „Х“.

Честитки упатија и црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, дури и бугарскиот претседател Румен Радев.

„ Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“, напиша Радев на Х.

Но, изостанаа честитките од македонскиот државен врв. И премиерот Христијан Мицкоски, и министрите за одбрана и надворешни работи, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, кои по треземањето на власта се редовни посетители на самити и средби во НАТО, па дури и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која е врховен командант на Армијата, целосно ја изигнорираа веста за назначувањето на Шекеринска на значајната функција во Алијансата, иако, признале тие или не, ова претставува огромен успех за Република Северна Македонија, која преку изборот на Шекеринска, доби признание за посветеноста при носењето на историската одлука земјата да стане, сега веќе признаена и ценета полноправна членка на НАТО.

Драган Мишев

Tags: ВМРО-ДПМНЕзаменик генерален секретарНАТОРадмила Шекеринскачеститки
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ