Чиј претседател е Румен Радев? Не е на Бугарија, затоа што работи против бугарскиот национален интерес. Тој е шеф на државата на Бугарија исто како што беше маршалот Петен на Вишиевска Франција, пренесува Дојче Веле на македонски.
Со други зборови, но токму на тоа – директно, но учтиво, минатата недела го предупреди претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На таа катастрофална средба за бугарскиот претседател, на која стана предмет за потсмев и на светските медиуми, Зеленски му рече дека ако Бугарија се најде во ситуацијата на Украина, и тој би ја бранел својата земја како него. Тој само пропушти да ја спомене другата опција – дека би ја предал како Петен за да стане Хитлеров вазал на 40% од територијата на неговата земја, дотолку повеќе што маршалот исповедаше блиска идеологија со идеологијата на Фирерот.
Што не му кажал Зеленски на Радев
Не му ги кажа ни најелементарните работи што овде не ги прашуваат останатите „мирољубци“. Господине Радев, бидејќи сте за мир, кој изгледа паѓа како дожд од небото, а сте против „ескалација на конфликтот“ со обезбедување оружје на земјата-жртва, зошто ниту еднаш не го повикавте колегата Путин да не испраќа нови војници и оружје во Украина? Зошто барем не го повикавте да престане да увезува дронови од Иран и да бомбардира станбени блокови во украинските градови? Зеленски само му рекол дека ако Русите ја кренат во воздух нуклеарната централа Запорожје, ќе настрада цела Европа, без да ја спомене Бугарија од почит кон стравовите на земјата домаќин.
Господинот бугарски врховен командант не разбира или се прави дека не разбира, дека ние и сега сме во воена состојба со денешниот фашистички режим во Кремљ, како дел од НАТО – без оглед што даваме или не и даваме на земјата-жртва. Од Радев и другите самопрогласени русофили не слушнавме ниту еден збор за загриженост за бескрајната „кристална ноќ“ против малкумината неистомисленици во Русија кои се осмелија да го наречат она што се случува надвор од официјалната терминологија „специјална воена операција“.
Пишува: Веселин Стојнев/ Дојче Веле
Повеќе за ова на следниов линк