• Latest

Хелсиншки комитет: Да не се дозволи колективизирање на одговорноста и паушално санкционирање!

May 5, 2017

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хелсиншки комитет: Да не се дозволи колективизирање на одговорноста и паушално санкционирање!

May 5, 2017 13:06
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дури 27 кривични дела, од кои за 17 веќе постојат значителен број на докази и 10 кривични дела за кои постои сомнение дека се извршени, се дел од Посебениот извештај за идентификувани сторители и можни кривични дела сторени за време на насилствата во Собранието на 27 април, што денеска го објави Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Видно од многубројните видео снимки, полициските службеници задолжени за чување на јавниот ред и мир и безбедноста на присутните во собраниските сали, дозволија непречен влез на протестантите. Влезот им беше дозволен и на лица кои беа маскирани со качулки и кои со себе носеа тврди и остри предмети, наменети за загрозување на физичкиот интегритет на присутните во Собранието. Набрзо потоа, повредени беа десетина пратеници (од кои најмалку еден со тешки повреди), новинари, над 70 граѓани и над 20 полициски службеници“, се вели во Извештајот што се осврнува на настаните кои се случија по влезот на дел од демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“ во Собранието.

Извештајот се однесува на кривични дела идентификувани преку фотографии, аудио-видео материјали и сведоштва, како и на кривичните дела за кои постојат сомненија, но сè уште не е истражено дали биле сторени и од кого. Извештајот се осврнува и на повредите на права и слободи, гарантирани со Уставот и санкционирани со Кривичниот законик.

Можните сторители се поделени во четири групи: организатори, извршители, полициски службеници и нивни претпоставени. Кривичните дела произлегуваат од 8 поглавја од Кривичниот законик, а беа насочени против: животот и телото, слободите и правата на граѓаните, имотот, сигурноста, државата, службената должност, правосудството и  јавниот ред.

Досега, Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје, идентификуваше дваесетина сторители на кривични дела. Како што велат од Хелсиншкиот комитет, улогата на правосудните органи е да утврдат дали и кои од посочените кривични дела се сторени или имало обид за нивно сторување и да не дозволат погрешна квалификација, колективизирање на одговорноста и паушално санкционирање.

Во извештајот се наведени можните кривични дела според членови од Кривичниот законик.

М. Теговска

Tags: извештајкривично делопарламентпогрешна квалификацијаУставХелсиншки Комитет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ