• Latest

Хелсиншки комитет: Македонија 10 години живее со неправди

February 8, 2016
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Хелсиншки комитет: Македонија 10 години живее со неправди

February 8, 2016 17:01
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната дебата „10 години неправда“ која во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ се одржа во клубот ГЕМ, Уранија Пировска извршна директорка на ХКМ, рече дека Република Македонија „веќе 10 години е држава која е заробена од страна на политичките структури на власт“.

„Присвојувајќи го секој аспект од нашето општество, партиите на власт ги присвоија и правдата, слободата и безбедноста на граѓаните во Македонија“, рече воведничарката Пировска. „Денес, во Република Македонија, зборовите правда, слобода и безбедност немаат исто значење за сите граѓани. Денес, доколку сте соработници или блиски со структурите на власт, тогаш овие зборови имаат мошне широко значење и можете да ги извртите во своја полза. Но, доколку не сте дел од нив, доколку сте критички настроени кон власта, или доколку сте нејзин противник, тогаш, овие зборови во практика можат да бидат недостижни. Поради тој менталитет на владеење, поради поставувањето и злоупотребата на целиот систем во функција на своите политички и финансиски интереси, оваа Влада во изминатите десет години, зад себе остави голема трага на уништени човечки животи и судбини“, рече Пировска.

Прв говорник беше пртеседателот на ХКМ, професорот д-р Гордан Калајџиев, кој зборуваше за случајот „Кампања“, и рече дека спектакуларното приведување на Љубе Бошкоски е политички монтиран случај и истакна дека ваквите лоши практики, ќе се предаваат на студентите по право, како не треба да се постапува.

„Вакви политички притвореници, како што е Бошкоски, се типични за Русија или за Турција. Ние треба да учиме од европските практики, затоа што сакаме да имаме здраво општество. Ние, всушност, немаме лошо судство, но поради политички монтираните случаи, судовите стекнуваат недоверба и лоша слика кај граѓаните“, рече Калајџиев.

Маргарита Цаца Николовска, поранешната судијка во Стразбур, зборуваше за случајот „Лустрација“ и ги спомена случаите на лустрираниот судија Трендафил Ивановски и Јордан Митриновски, експретседател на скопскиот Апелационен суд, за кои Судот за човекови права во Стразбур донесе одлука во нивна корист. Случајот „Лустрација“ започна во 2012 година, досега има решенија за 203 граѓани, а беа испрашани околу 30 илјади граѓани.

Новинарот Борјан Јовановски, зборуваше за Томислав Кежаровски, кој беше политички затворен новинар. Тој рече дека неправдата и притисокот кон медиумите, оваа власт го започна со затварањето на ТВ А1 телевизија, потоа следувало превземањето на „Дневник“, за на крај, да го уапсат критички настроениот новинар Кежаровски.

„Спектакуларното апсење на Кежаровски, пред камери, каде што можеше да се види страдањето на неговото семејство, беше апел до сите нас, дека истото ќе не снајде, доколку се дрзнеме да кажеме или напишеме нешто критички за власта. Но, јас би кажал дека тоа не разбуди од конфорот, и сите застанавме во одбрана на Кежаровски, а со тоа добивме една мала, но, битна победа. Сите упативме порака до власта дека нема да им се исполнат плановите, како што ги испланираа“, рече Јовановски.

Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, зборуваше за неправдата која и беше нанесена на малата Тамара Додевска, која почина поради институционална грешка. Голготата на семејството на Тамара низ здравствените лавиринти започна уште во април 2014 година.

„Иако имаше одлука од две релевантни здравствени институции дека малата Тамара не може да се лечи во Македонија и дека операцијата мора итно да се изврши во странство, од Фондот за здравство и одобрија лечење во странство, два дена по нејзината смрт… По жалбата на мајката, второстепената комисија на Фондот ја потврдува одлуката на пррвостепената комисија, укажувајќи дека во Македонија, постојат услови за операција, иако според конзилијарно мислење од две клиники, немало услови… По смртта на Тамара, следуваа протести на граѓаните при што се постигна мала победа со тоа што дадоа откази неколку директори. Но, со тоа што дадоа откази, нема да се спасат од законската казна, бидејќи ХКМ и мајката на Тамара, поднесоа кривични пријави против министерот за здравство Никола Тодоров и сите инволвирани лица“, вели Чаловска.

Д–р Воислав Стојановски зборувајќи за случајот „Вранишковски“, рече дека Вранишковски е првиот случај на политички затвореник во Македонија. „Во 2002 година, Вранишковски сака да формира „Охридска православна црква“, но не можел да ја формира затоа што не била во состав на МПЦ. Во 2003 година, бил обвинет за самоволие, на една година условна казна, бидејќи ја крштевал својата внука. Во 2014 година, беше осуден на 18 месеци затворска казна, затоа што беше обвинет дека шири верска омраза, бидејќи проповедал во приватни станови и куќи и дека направил православен календар.

„Не само Охридската православна црква, туку и Бекташиската заедница не може да се регистрираат, затоа што не им дозволуваат од ИВЗ и МПЦ. Во македонската политика имаат големо влијание верските институции, што е спротивно на македонскиот Устав“, рече Стојановски.

Tags: Борјан ЈовановскиВоислав СтојановскиГордан КалајџиевдебатаМакедонијаМаргарита Цаци НиколовскаНеда ЧаловсканеправдаУранија ПировскаУставЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ