• Latest

Хет-трик на Висар Ганиу во Чаир!

November 13, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хет-трик на Висар Ганиу во Чаир!

November 13, 2017 13:34
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу по трет пат го победи противкандидатот на Беса, Зеќирија Ибрахими и во наредните четири години ќе биде градоначалник на Општина Чаир. Од 719 регистрирани гласачи на Избирачкото место 2901, во ПОУ „Иднина“, вчера гласале 272 лица, од кои 169 гласале за Ганиу, 98 за Ибрахими, 5 гласачки ливчиња се неважечки.

Вчерашниот ден во Чаир помина релативно мирно, фер и демократски. Екипата на ЦИВИЛ, покрај тоа што имаше претставници во самото избирачко место, поголемиот дел беше стационирана во чајџилницата „Кај Бало“ („Te Bala“), која се наоѓа во маалото каде што се прегласуваше. Гостите во чајџилницата, на прв поглед, не се „замараа(т)“ и не разговараа(т) за политика, меѓутоа знаат сè што се случува, во однос на политичките манипулации, калкулации, договори… Со еден збор, чајџилницата е институција. Таму не постои пишан договор, таму важи дадениот збор.

Единствениот очигледен прекршок што го забележавме беше сообраќајниот, „блиската средба“ меѓу полициско комби и „голф 5“, што се случи на неколку метри од чајџилницата, односно, точно пред кафулето кое според чаирчани, важи за збирно место на активистите на ДУИ.

Пред и околу избирачкото место имаше зголемена полициска контрола и полицајците нѐ информираа дека имаат наредба, ако забележат партиски активисти како агитираат или се закануваат на граѓан(к)ите за кого да гласаат, веднаш да ги приведат.

Во дел од медиумите имаше информации дека активисти на ДУИ стоеле пред влезовите на зградите и им се заканувале и не им дозволувале на гласачите да излезат на гласање. Тимот на ЦИВИЛ не забележа такви нерегуларности.

Контактите на ЦИВИЛ беа на располагање на граѓан(к)ите да пријавуваат или да нè информираат за притисоци, закани, уцени…, меѓутоа никој не пријави дека пред влезовите на зградите стојат активисти на ДУИ.

Поголема група на активисти, од попладневните часови па сѐ до завршување на гласањето, беа собрани во и пред штабот на ДУИ, во близина на една џамија, на стотина метри од основното училиште „Иднина“.

Инаку, целата кампања беше пред сè црна, меѓутоа за кандидатот на ДУИ, Ганиу, не видовме црна дамка.

Дехран Муратов

Tags: БесаВисар ГаниугласањеДУИЗеќирија Ибраимитрет кругЦивилЧаир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ