ЦИВИЛ безрезервно и силно ја поддржа иницијативата #СегаКажувам #TaniTregoj и повикува на целосна поддршка од сите свои членови и поддржувачи, како и од пошироката јавност.
Во своите гласни и бескомпромисни борба против родовата дискриминација, во постојаната заложба за родова еднаквост во сите сфери на општеството и институциите, ЦИВИЛ ќе продолжи искрено и посветено да промовира нулта толеранција за секој облик на родова дискриминација и насилство.
ЦИВИЛ ги охрабрува и ги повикува сите граѓанки и граѓани да не молчат, туку гласно да се спротивстават против дискриминацијата, предрасудите, насилството и сексуалното малтретирање. Воедно, ЦИВИЛ остро ги осудува сите изрази на шовинизам и говорот на омраза против оваа иницијатива. Медиумската платформа на ЦИВИЛ е на располагање на сите храбри и одважни граѓанки и граѓани кои сакаат да говорат за сексуалното малтретирање, јавно или анонимно.
Без разлика дали е лична приказна, приказна на некој близок или сомнеж и индикација за можен обид за сексуално малтретирање, користејќи ги хаштаговите #СегаКажувам #TaniTregoj можете да ја раскажете и на тој начин во јавноста да се поттикне не само дебата, туку и преземање конкретни мерки против ваквиот вид на насилство.
ЦИВИЛ очекува од релевантните институции будно да ја следат кампањата и да обезбедат помош, а уште повеќе правда за жртвите.