• Latest

COP28: Како да се заштити здравјето на луѓето од последиците на климатските промени

December 3, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

COP28: Како да се заштити здравјето на луѓето од последиците на климатските промени

December 3, 2023 13:53
in ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На климатскиот самит COP28 во Дубаи првпат фокусот е на тоа како климатските промени го влошуваат здравјето на населението, вклучително топлотен удар, оштетување на белите дробови од чад од шумски пожари и ширење на болести кои ги пренесуваат комарци во нови региони поради порастот на температурата.

Се очекува на самитот да се разговара за начините за заштита на здравјето на луѓето од ефектите на климатските промени.

Експертите очекуваат дека од 2030 година, само четири последици од климатските промени – неухранетост, маларија, дијареја и топлотен удар – ќе го зголемат бројот на смртни случаи во светот за 250.000 годишно, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

Екстремните временски настани стануваат екстремни здравствени проблеми, рече Мартин Едлунд, извршен директор на глобалната здравствена непрофитна организација „Маларија НЕ повеќе“ (Malaria No More). Комарците, кои пренесуваат вируси, вклучително и денга, маларија и вирусот Западен Нил, се селат во нови делови од светот каде температурите се зголемуваат поради климатските промени.

Пријавените случаи на денга треската се зголемија од околу половина милион во 2000 година на повеќе од пет милиони во 2019 година, според СЗО. Само оваа година, бројот на случаи во Бразил е за 73 отсто поголем од петгодишниот просек, рече Едлунд. Тој истакна дека Бангладеш е погоден од најголемата епидемија на вирусот денга досега. Пет милиони повеќе случаи на маларија се регистрирани во 2022 година отколку во 2021 година, достигнувајќи вкупно 249 милиони, според податоци на СЗО.

Во Пакистан минатата година бројот на случаи на маларија се зголеми за 400 отсто.

Две нови вакцини против маларија се очекува да бидат достапни следната година. Бурите и поплавите предизвикани од климатските промени доведуваат до зголемување на други заразни болести кои се пренесуваат преку вода, како што е колера. Во текот на деценијата што почна во 2010 година, повеќе од две милијарди луѓе беа изложени на чад од шумски пожари најмалку еден ден годишно, според една септемвриска студија во списанието „Природа“ (Nature). Тоа беше за 6,8 отсто повеќе во споредба со претходната деценија. Во Америка, според американските лекари, годишно умираат меѓу 4.000 и 28.000 луѓе поради загадувањето на воздухот од шумски пожари.

Tags: COP28заразни болестиздравјеклиматски променипоследици
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ