• Latest

Да се врати пораката на Тито за солидарност по скопскиот земјотрес во 63-та

April 18, 2018

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Да се врати пораката на Тито за солидарност по скопскиот земјотрес во 63-та

April 18, 2018 11:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За да се продолжи традицијата на хуманост, да не се заборави еден од изворите на солидарност, покрената е иницијатива за враќање на пораката која беше поставена на урнатиот ѕид од Старата железничка станица – Да се врати пораката на Тито за солидарност по скопскиот земјотрес во 63та.

„Не познавам скопјани кои не сочувствуваат со катастрофата која му се случи на Скопје во јули 1963 година. Не познавам многу скопјани кои не ја прочитале пораката која беше поставена на срушениот ѕид од старата железничка станица, но познавам малку скопјани кои не ја разбрале пораката и се дрзнаа да избришат дел од животниот стил кој беше вплетен кај скопјани по една голема катастрофа“, пишува Александар Богоевски, на Фејсбук.

Тој истакнува дека пораката која стоеше на ѕидот од разрушената стара железничка станица беше ехо на светското справување со катастрофи кои може да се случат секому и секаде!

„Пораката е космополитско Скопје, за соживот и солидарност со сите на кои им се потребни во најтешките моменти. Солидараноста кон повредените, кон штетите и загубите кои ги претрпеа жителите на еден град, помошта која пристигна од сите страни на светот како код се вгради во менталитетот на жителите на Скопје – да се помогне, секому, без разлика на бојата на кожата, националноста и религиската припадност. Да се биде дел од светот, да се надминат припадноста и национализмот кога некому е потребна помош. Да се биде хуман!“, додава Богоевски.

„Во колективната меморија на граѓаните на град Скопје испишаната порака на Јосип Броз Тито дадена по земјотресот од 26 јули 1963 имаше важно место и представуваше репер во постоењето и негувањето на човечки релации во трагичните моменти на живеењето на еден град. Поттикнати од ехото на таа порака и потребата на нејзиното постоење за идните генерации, ние група граѓани покренуваме иницијатива за нејзино враќање на местото каде била, Старата железничка станица, а денешен Музеј на град Скопје“, напиша Даница Павловска, архитектка и поборник против проектот „Скопје 2014“.

Градот кој се издигна по катастрофата ја носеше оваа порака во новите градби, градби кои ги проектираа и ги донираа жителите од 30 различни држави, градби кои беа светски архитектонски достигнувања во седумдесетите години.

Д.Муратов

Tags: земјотреспорака на ТитоСКОПЈЕсолидарностСтара железничка станица
Share73TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ