• Latest
Добро утро со Орданоски

Да се биде Христијан Мицкоски

May 28, 2018
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Да се биде Христијан Мицкоски

May 28, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]С[/dropcap]егашното ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски се обидуваат да спроведат „невозможна мисија“: во силен пропаганден налет („криминален картел“, „заробена држава“ и сл.) да го поистоветат едногодишното владеење на Заев со единаесетгодишното владеење на Груевски, надевајќи се дека – без јасна осуда и дистанцирање од вмровското политичко, идеолошко и криминално наследство од Фамилијата – ќе пренесат врз себе, како да е првут во прашање, нешто од демократската енергија и надежи кои беа вложени од голем број граѓани во уривањето на недемократскиот режим на Фамилијата.

Се чини дека по ТВ дуелот на Мицкоски со Заев, Христијан направи голем исчекор барем во делови од сопствената партија можеби да биде препознаен и да добие кредибилитет како, навистина, нов лидер на партијата. Но, таквиот „внатрепартиски“ проект завршува на „обалите“ на неговото верно партиско членство; за да ја проектира таа порака и да ја црпи демократската енергија и во пошироката јавност која е во различна мера незадоволна од власта на СДСМ, ќе му треба вложување на уште многу, многу политички кредибилитет во дистанцирањето од ликовите и делата на познатите обвинети за високо-организиран криминал. На што и да се надева, тоа за него не можат да му го одработат обвиненијата на СЈО и пресудите на македонското судство.

Таквиот (во немање на подобра квалификација) „лешинарски“ став на Мицкоски – всушност, отсуството на негов став – е навредлив и многу потценувачки за интелигенцијата и меморијата на најголемиот број граѓани во Македонија. Тоа граѓанство (составено не само од етнички Македонци!), за да може Мицкоски да почне да го разгледува како потенцијална политичка појава, а особено и како можна изборна опција, очекува тој да покаже барем половина од храброста и интегритетот што Заев го демонстрираше во (лично, семејно, политички) високо ризичниот судир со Фамилијата во времето додека токму Мицкоски беше генерален секретар на партиската структура на Фамилијата. Премногу се свежи тие сеќавања, а кај многумина и со лични крајно непријатни искуства, за да потпаднеме под истата врескава и мизерна пропаганда на денешниот Курир, на што бевме изложени и пред, да речеме две, три или пет години. Нема продуктивна политичка иднина на Мицкоски, вон поддржувачите во некои кругови од неговата партија, сè додека ги користи пропагандните услуги на курирските манипуланти и колумнисти. Сите тие очајници би го сакале Груевски назад, а го доживуваат Мискоски само како неопходна партиска транзициска „епизода“.

При тоа, работата на Мицкоски се чини нешто полесна, иако подеднакво предизвикувачка, од онаа на Заев: додека лидерот на СДСМ преживеа опасни удари во судирот со Фамилијата, Мицкоски треба само да се ослободи од нејзината прегратка. Смртоносна е таа прегратка, во политичка смисла.

И да не го лаже умот „ваквиот“ Мицкоски дека ќе „фати“ некој профит за себе од критиките што на сметка на Заев стигнуваат (секој од свои мотиви) од различни агли во јавноста или дури и од такви како мене, Героски или Милчин, на пример. Будали се оние кои мислат дека новинари или интелектуалци можат да им направат корист или да им нанесат штета на политичарите повеќе одошто тоа тие самите се во состојба да си го направат себеси. Тоа важи за Заев, но уште повеќе за Мицкоски.

Значи, да се биде Христијан Мицкоски не е доволно во јавни телевизиски настапи сто пати самиот да си го спомнеш името. Па, дури ни само успешно, со повремени „доскочици“, да му парираш на противникот во лидерската дебата. Многу поважно е својот морален, а потоа и политички интегритет да го изградиш на формативните прашања од своето време, за да видиме кој си, од каде доаѓаш и каде сакаш да нè водиш. Ако се има амбиција за повеќе од една „епизода“.

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: ВМРО - ДПМНЕнаследствоСДСМФамилијатаХристијан Мицкоски
Share142TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ