• Latest

Да за иднината, но што со сегашноста?

July 30, 2018

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Да за иднината, но што со сегашноста?

July 30, 2018 11:14
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ви пишувам од задното седиште од нашата службена канта на четири тркала. На пат сме кон уште еден град, да одржиме уште еден од нашите викенд семинари. Постојано на пат, постојано во комуникација со граѓанките и граѓаните, ние и не сакајќи многу добро го чувствуваме пулсот на општеството. Безброј текстови, предавања и презентации, планови и одлуки се подготвени во оваа наша омилена мини канцеларија на четири тркала. И додека се насладуваме од преубавите пејзажи на нашите источни краишта, неизбежна е уште една констатација – земјата ни е опустена. И ограбена. И работите не се одвиваат во добра насока – најблаго кажано.

Пишува: Џабир Дерала

Вчера застанав на еден слајд од мојата презентација на кој се набројани состојби од предизборијата во времето на криминалниот режим на Груевски (избирачки список, црна пропаганда и насилство, злоупотреби, корупција…). Додека дваесет и кусур пара очи гледаа во мене, се соочив со сопственото признание дека слајдот е стар три години, дека не сум го менувал воопшто и… дека немам што да сменам во него… Никој од присутните не ми сугерираше што би можел да сменам. Само резигнирано нишнаа со главите, а на паузата ги отворија срцата и ми раскажаа како се живее деновиве во нивниот град. Помина викендот, два семинари, два града, многу разговори. Уште ме мачи тој слајд, непроменет веќе три години…

Разочарување

Луѓето се разочарани и револтирани од многу постапки на партиите, институциите и власта, од (не)вработувањата, од тендерите, од бавноста и неефикасноста, од отсуството на промени, од (под)заборавената правда, од скандали кои се премногу слични на минатото… Успехот на Македонија да се „врати на вистинскиот пат“ и пофалбите од европските и светските лидери не се доволни.

Да, премиерот Заев ги отвори портите кон иднината и со крупни чекори заита кон неа, но неговата влада остана далеку зад него, во непријатната сегашност на неисполнетите ветувања, на очекувањата и разочарувањата. Од луѓето, осиромашени и разочарани, оние што сѐ уште се во Македонија, се очекува да кажат ДА за иднината, но децата бараат леб СЕГА, во сегашно време. Капак на сѐ, тука се и националистите, руските агентури и криминалците што влечат кон мрачното минато, каде што се чувствуваат неприкосновени. Сегашност, распната меѓу светлата европска иднина и мрачното насилничко минато.

Можеби имало и многу недоразбирања и емоции кога се очекувало и итало кон слободата, па така сега има очекувања што немаат врска со реалноста и можностите. Умислените величини од колумнисти, НВО фолиранти и толпата полуписмени и хистерични трагачи по внимание што не се многу различни од про-руските наци тролови, не се загрижени за штетите кои ги прават на целото општество, додека се обидуваат да изнудат некое позицииче од кабинетите на новата власт или, просто, некоја минута онлајн слава.

Маѓепсан круг

И додека се вртиме во маѓепсаниот круг меѓу сништата и реалноста, очекувањата и остварувањата, криминалците и жртвите, роковите течат. На листата од неволји мора да се додадат мрзливоста и неспособноста. Еден од најкрупните национални проекти со историско значење за Македонија – Референдумот – останува да биде измешан со чувства, мисли и постапки што немаат врска едно со друго.

Наместо Референдумот да биде свечен, историски процес во кој се запечатува моќта на граѓанките и граѓаните, сѐ се претвори во мачна и валкана битка меѓу раскарани племенски поглавари, маркетинг агенции и лакоми експерти (со и без наводници). Повторно се поделија луѓето, најблиските во семејствата се караат и натегаат.

Наместо празнична атмосфера, само непотребен шум и хаос во мислите.

Референдумот – свечен и патриотски чин

Сѐ уште има доволно време да го согледаме Референдумот како можност, а не како препрека. Да покажеме дека живееме во општество во кое слободното мислење и независното градење став не им се туѓи на луѓето, дека тие можат и знаат да донесат независна и информирана одлука. Важно е да се донесе сопствено решение, да се изгради став со кој може да се гордее човек, независно од конечната одлука, за или против. Но, граѓански е да се искористи правото на глас, цивилизирано е да се почитува туѓото мислење, природно е да се обидеме да влијаеме едни на други, но со почит, фер и без притисоци.

Ова е шанса за луѓето што (останаа да) живеат во Македонија да покажат дека знаат што е гордост, но и разум. Луѓе што имаат контакт со реалноста, а не се заплеткани во пајажините на црната пропаганда. Нормално е да се преиспитуваме, да прифатиме или отфрлиме некој аргумент, но само ако тоа сме го направиле самите, врз основа на сопствени искуства и убедувања. Да разговараме, а не да се караме со нашите блиски. Да ги сослушаме различните мислења и НИЕ, секој од нас, да донесеме одлука за тоа што е најприфатливо за Македонија. Не според некој си колумнист во „комуњарските“ или „вемеровските“ медиуми, не според некој си активист за човекови права што е од сите вери надвор, мешан и од мешана организација. Не, ништо од тоа. Секој од нас поединечно, самиот/самата пред себе. Со добрина и насмевка, со изострени сетила и цврсти аргументи. Да разговараме. Да ги одвоиме успесите и неуспесите на политиката од Референдумот, како свечен и патриотски чин на секој граѓанин или граѓанка со право на глас. Референдумот не им припаѓа на политичарите, туку на граѓанките и граѓаните!

Имам една порака до сите што имаат моќ да влијаат во јавноста. На ова наше, македонско општество, му треба едукација – не убедување, информација – не пропаганда, мирна и просперитетна иднина – не фабрикувана историја и насилство. Патриотизам – не национализам!

 

 


Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

 

Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 јули 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: МакедонијанационализампатриотизамреферендумЦивика МобилитасЦивил
Share177TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ