Дали ќе излезеш на избори или не, е лично право, но читам по ФБ навреди и омраза упатени и од едната и од другата страна. Има еден куп причини поради кои еден дел од граѓаните нема да се одлучат да излезат, незадоволство, се плашат за своето здравје, не сакаат да гласаат без посебна причина и тоа е нивно право, како што има исто толку причини зошто дел од граѓаните ќе излезат да гласаат. Тие сакаат со нивниот глас да променат нешто, ќе поддржат партија на која се членови или симпатизери или сакаат да го искористат своето право.
И стварно не гледам зошто мора некој да биде навредуван за тоа како ќе постапи. Многу омраза и гнев излезе овие денови. Не знам каде ќе не однесе ова?
Зоран Кардула
Фејсбук постот што Зоран Кардула го подготви како дел од иницијативата на ЦИВИЛ „Гласај“, како поттик за излезност на денот на гласање и остварување на гласачкото право.