• Latest
Давос 2024

Давос: Стратегијата за климата, природата и енергијата предизвик за светските лидери во контекст на глобалната економија

January 16, 2024
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува освен посебен сообраќаен режим?

October 2, 2026
ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА | конфронтација, дисквалификација и исклучивост (илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА)

Политичка култура на исклучивост и конфронтација: Политики заробени во минатото, без одговори за сегашноста и иднината

October 2, 2026

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Давос: Стратегијата за климата, природата и енергијата предизвик за светските лидери во контекст на глобалната економија

January 16, 2024 13:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, СВЕТ, ТОП 5
Давос 2024
Share on FacebookShare on Twitter

Kонфликтите на Блискиот Исток и Украина, зголемениот популизам и загриженоста за вештачката интелигенција ќе доминираат на агендата на Светскиот економски форум. Почетокот на Форумот го одбележаа и протести на екологистите обвинувајќи ги светските лидери за недоволно посветеност кон климатските ризици.

Стравувањата од климата додаваат итност на дебатата за зелена технологија која ќе биде главна тема за дебата во Давос, а агендата на СЕФ содржи бројни сесии за обновливите извори на енергија.

Според Financial Times капацитетот за обновлива енергија е во постојан пораст, а интересот за зелените технологии иако изгледа дека се широко прифатени во јавноста, сепак, помал е процентот на луѓето кои  се подготвени да ги прифатат новите технологии како што се вештачката интелигенција, медицината базирана на гени и генетски модифицираната храна, за разлика на оние кои ги отфрлаат. За иновациите во животната средина, процентот е повисок иако најголем процент е на луѓето кои се загрижени за климатските промени.

Како што наведува Financial Times на краток рок (т.е. следните две години), еколошките ризици се наоѓаат покрај дезинформациите, геополитичките конфликти и сајбер заканите како теми што ги загрижуваат делегатите на СЕФ. На подолг рок (т.е. следните 10 години), еколошките теми ги заземаат првите пет места на листата на критични прашања.

Со оглед дека глобалната економија во моментов е дефинирана со нестабилност и несигурност, на што меѓу другите фактори и конфликти, првенствено влијаат руската агресија врз Украина и конфликтот во Појасот Газа, 2024 се предвидува да биде година на многу непредвидливости, кои ќе ги стават глобално на тест зелените бизниси.  Најдобриот начин да се минимизираат ризиците е да се лобира и инвестира во зелените технологии и зелените деловни практики и независно од глобалните политики да не се отстапува од нив.

Долгорочна стратегија за климата, природата и енергијата на Светскиот економски форум во Давос

Извештајот за глобални ризици на Форумот за 2024 година открива дека еколошките ризици сочинуваат половина од првите 10 ризици во следните 10 години, при што екстремните временски настани, критичните промени на системите на Земјата, губењето на биолошката разновидност и колапсот на екосистемот се првите три.

Лидерите оваа недела ќе разговараат за тоа како може да се развие долгорочен системски пристап за да се постигнат целите на јаглеродно неутрален и позитивен свет до 2050 година, притоа обезбедувајќи достапен, безбеден и инклузивен пристап до енергија, храна и вода.

Донесувањето на ваква стратегија ќе биде предизвик за светските лидери имајќи ја предвид геополитиката која секогаш е тесно поврзана со глобалната економија.

Подготви: Б. Ј.

Tags: Давос 2024Светски Економски ФорумСтратегија за клима
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ