Канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената-8 Март.
Настанот „По ратификацијата: Што е следно по Истанбулската конвенција“ ќе го отвори постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија Луиза Винтон, а ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за здравство Венко Филипче.
Целта е одбележување на ратификацијата на Инстанбулската конвенција од страна на Парламентот во декември минатата година како чекор напред кон превенција и борба против насилството врз жените и дискусија за следните чекори во борбата за елиминација на родово базираното насилство.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.