Денеска со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи протест на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала, во знак на револт и барање за промени во системот кој ги засега децата и младите, како и безбедноста во градовите.
Како што велат организаторите протестот има за цел да ја истакне важноста на следниве три проблеми:
- Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите во судир со законот
- Недоволна безбедност во градовите
- Глорификација на девијантно однесување
Вчера, Универзитетското студентско собрание ги повика студентите на работилница за изработување транспаренти во пресрет на протестниот марш. Тие побараа и 30 заинтересирани студенти кои ќе бидат редари.