• Latest

Денот на албанското знаме: Од достоинствени прослави, до сквернавење на државно знаме

November 29, 2024
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Денот на албанското знаме: Од достоинствени прослави, до сквернавење на државно знаме

November 29, 2024 15:54
in АНАЛИЗИ, КОНТЕКСТ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Република Албанија na 28 ноември одбележа 112 години независност. Во Тирана по втор пат се одржа манифестацијата „Парада на Албанците“, под покровителство на градоначалникот на Тирана и Сојузот на албанските општини во регионот, Ерион Велиај, а во соработка со здружението „Албански корени“ (Albanian Roots), на овој свечен настан се собраа градоначалници, потпретседатели и општински советници од сите краишта Албанија, како и претставници од арбрешките  општини.

На булеварот во албанскиот главен град Тирана, продефилираа 300 групи уметници.

На манифестацијата „Парада на Албанците“,  учествуваа и претставници на неколку општини од Република Северна Македонија.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во своето обраќање по повод  денот на независноста, кој инаку се нарекува Денот на знамето, упати порака особено до политичката класа каде побара од нив „да ги свртат очите кон народот“.

На официјалната церемонија на подигнување на знамето во Валона присуствуваше и премиерот на Косово, Албин Курти, заедно со премиерот Еди Рама, претседателот Бегај и претседателката на Собранието, Елиса Спиропали.

112-годишнината од независноста на Албанија беше одбележана и од Автокефалната православна црква на Албанија, која организираше Доксологија на знамето во сите православни храмови во земјата. Доксологијата е дел од светата Литургија со пофална содржина, во која се изразува благодарност и почит кон албанското знаме и држава.

И во Република Косово националниот празник 28 ноември се славеше на плоштадите низ градовите, украсени со црвено-црни национални,  и државни знамиња.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, рече дека 28 ноември не е само симбол на битките и триумфите, туку и спомен на жртвите да се биде слободен, во мир и гордеење.

„28 ноември е симбиоза на три историски моменти кои ја воздигнуваат нашата нација: кревањето на знамето во Валона и прогласувањето на независноста на Албанија, јавниот настап на ОВК и роденденот на легендарниот командант Адем Јашари“, порача Османи.

Денот на албанското знаме го прославија Албанци и од дијаспората во САД, Грција, Швајцарија, Турција, Словенија и многу други земји низ светот.

Денот на албанското знаме се прослави и во Република Северна Македонија.

Албанскиот амбасадор, Н. Е. Денион Мејдани, пред два дена беше домаќин на приемот по повод годишнината на независноста на Р. Албанија. На приемот беше поканета и учествуваше и претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, која упати честитка по повод Националниот ден и 80-годишнината од ослободувањето на Република Албанија.

„Нашите две држави негуваат пријателски односи и споделуваат визија за стабилен и напреден регион. Подготвени сме за натамошно унапредување на севкупната соработка, во интерес на нашите граѓани.“, порача Силјановска Давкова.

Денот на знамето се прослави со низа свечености и културни активности низ општински основни и средни училишта во земјата, a лидерите на политичките партии од албанскиот блок излегоа со пригодни честитки и пораки за националниот празник на Албанците ширум светот.

Од прослава – до дивеење по улици и сквернавење на државното знаме

Во вечерните часови, денот на знамето беше одбележан со колони возила со развеани албански знамиња низ неколку општини во земјава, а во текот на прославата се случија и неколку инциденти во кои беше газено и палено знамето на Република Северна Македонија, што предизвика осуда од политичките претставници на различни партии, но и од голем дел граѓани од сите етнички заедници, вклучувајќи ги и Албанците.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица ги осудија инцидентите со сквернавењето на македонското знаме во текот на вечерните прослави.

Од Јавното обвинителство соопштија дека преземаат дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ.

Од МВР јавуваат дека до сега се приведени осум лица кои учествувале во инцидентите кога, по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик што се однесува на „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ за што е предвидена казна затвор од минимум една година.

ЦИВИЛ –Центар за слобода во соопштение до јавноста упати остра и недвосмислена осуда за инцидентите со палење на државното знаме во кои беа инволвирани млади луѓе, вклучително и малолетници, под влијание на опасната националистичка реторика.

„Овие дела не само што симболизираат деструктивност и непочитување на принципите на соживотот и мултикултурализмот, туку и ја продлабочуваат омразата и поделеноста во нашето општество.“, порачуваат од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ упати повик до сите одговорни институции, лидерите во заедниците, но и родителите, просветните работници, граѓанските организации и сите одговорни и достоинствени луѓе да преземат итни мерки за промовирање на толеранцијата и да преземат итни чекори за интензивна едукација против омразата по било која основа.

По синоќешните инциденти, на социјалните мрежи не изостанаа ниту коментарите со говор на омраза, кои мониторинг тимот на ЦИВИЛ ги архивира и по кои, како што е вообичаено, ќе излезе со јавен извештај, анализи и препораки.

Диана Тахири

Tags: ден на Албанското знамеинцидентимакедонско знамеМВРосудаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ