• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Директорот на АД ЕСМ даде оставка, Пендаровски апелира да не се зголемат платите на функционерите, „Огнените“ од ДУИ официјално станаа фракција

April 6, 2023

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Директорот на АД ЕСМ даде оставка, Пендаровски апелира да не се зголемат платите на функционерите, „Огнените“ од ДУИ официјално станаа фракција

April 6, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ковачевски даде оставка од АД ЕСМ

Васко Ковачевски ја напушта функцијата генерален директор на АД ЕСМ. Тој денеска за Телевизија 24 потврди дека ја депонирал оставката до премиерот Димитар Ковачевски, а на негово место ќе дојде Васко Стефанов. Ова на прес-конференција го потврди и премиерот Димитар Ковачевски кој рече дека оставката на Васко Ковачевски е од лични причини.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пендаровски: Владата да направи се што е во нејзина моќ платите на функционерите да останат на нивото како досега

„Мојот став го знаете. Мене ми е криво што повеќе носители на функции не го делат тој мој став. Тука има две работи. Прво одлуката на Уставен суд мора да се почитува затоа што непочитувањето на одлуката на Уставен суд е кривично дело. Меѓутоа, повикав и во мојата прва изјава на оваа тема. Владата мора да направи се што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежност, платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица, поинаку не можеме да излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека во оваа тешка ситуација кога замзрнуваме цени на основни продукти, ние си ги зголемуваме платите“, изјави претседателот Пендаровски коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд со која се овозможува зголемување на платите на државните функционери за 78 проценти.

ФЛЕШ ВЕСТИ

„Огненaта група“ од ДУИ денеска на прес конференција и официјално настапија како фракција.

Опозициската Левица на прес конференција објави дека, од сопствени извори во ВМРО-ДПМНЕ, имаат сознанија дека лидерот  Христијан Мицкоски и премиерот Димитар Ковачевски имале разговори за прифаќање на промена на уставот според хрватскиот модел.

Хибридните кампањи и дезинформациите се модерни, неконвенционални методи на „војување“ со цел нарушување на довербата на граѓаните во системот, креирање страв и паника и обид за остварување на одредено политичко, безбедносно или економско влијание.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Четириесет и девет земји, меѓу кои и Северна Македонија, како и Европската унија ја осудија Русија за злоупотреба на овластувањата и привилегиите како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за ширење дезинформации за нејзиното широко распространето киднапирање и незаконска присилна депортација на илјадници украински деца.

Официјален Кијив вчера испрати важна порака за евентуални преговори со Русија. Досега тоа е најексплицитна порака дека Украина е заинтересирана за преговори со Русија, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напаѓачи не го контролираат Бахмут во регионот на Доњецк, но ситуацијата таму е многу комплицирана долж  линијата на фронтот.

Според пишувањата на руските социјални мрежи, руското Министерство за одбрана, најверојатно, го разреши генерал-полковникот Рустам Мурадов како командант на Источната група на сили (ЕГФ) во Украина поради исклучително тешките загуби на руската армија во последниве месеци во Украина, објави Министерството за одбрана на Обединетото Кралство на Твитер, повикувајќи се на најновото ажурирање на военото разузнавање.

ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ го спушта прагот на толеранција за троловите, онлајн насилниците и малициозните профили на социјалните мрежи. Подолг период одредена група дежурни мразачи, не оставаат ниту една содржина која се објавува на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ, без негативен коментар. Посебна слабост им се Путин и Русија, но не ги оставаат ни сите останати содржини, линкови и објави без коментар. Бидејќи, за да ги дискредитираат содржините за кои имаат задача, мораат во целост да ja дискредитираат организацијата и нејзината медиумска платформа. Инаку, успехот би бил само делумен или сосема би изостанал.

Пред една недела ЦИВИЛ ги објави првите 5 дежурни мразачи. Денеска ќе ви претставиме нови пет мразачи.

МУЛТИКУЛТУРА

Претставници на ЦИВИЛ денеска беа во Куманово на средба со градоначалникот Максим Димитриевски, и  ја почна серијата средби со градоначалници на кои станува збор за соработка и организирање јавен настан на тема „Граѓански дијалози за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот и европските вредности на локално и национално ниво“, на која ќе бидат поканети претставнички и претставници на локалните институции на власта, бизнис заедницата, образовните установи, граѓанските организации и други форми на граѓанско здружување, етнички и верски заедници и други лидери во заедниците.

АЛ-ПРЕС

По пет месеци отсуство, во косовското Собрание се вратија пратениците од Српска листа, а Специјалното обвинителство на Република Косово отвори означи случајот „Жури“ во кој се инволвирани 6 лица за перење пари.

Ова е дел редакцискиот избор од денешните теми во албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОНТЕКСТ

6 април 1941: Пакт, демонстрации, пуч и одмазда

Операцијата Unternehmen Strafgericht, позната како Операција „Одмазда“ (Retribution) почна во раните утрински часови на 6 април 1941 година, со бомбардирање на Белград по наредба на тогашниот нацистички лидер на Германија, Адолф Хитлер.

Бомбардирањето на Белград дојде како „казна“ поради воениот пуч со кој се собори југословенската влада во Белград на 27 април, која претходно го потпиша Тројниот пакт, со што Југославија требаше да се приклучи кон силите на Оската Берлин – Рим – Токио.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

„Слободните луѓе се надминуваат постојано, одат по острите рабови на амбисот на мислите и едрат низ ветровитите височини на духот. Тие се одважни и носат одлуки што изгледаат невозможно, дури и лудо. Создаваат и постојано ги преиспитуваат вредностите. Нивниот најсилен стремеж е да бидат човечки битија и постојано да сакаат да бидат повеќе човек, човечки и човечни. Тоа се слободни луѓе.“, пишува Џабир Дерала во колумната „(ristretto) Белешка за слободата“.

 

Д. Тахири

Tags: ДневникнастаниЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ