ВЕСТ НА ДЕНОТ
Во 2023 година, оценките за демократија се намалија во 11 од 29 земји во извештајот, а 7 земји заработија подобрувања, меѓу кои е Северна Македонија која и покрај засилените безбедносни закани, историската бегалска криза и економското нарушување поврзани со конфликтот забележала демократски напредок изминатата година со оценка 3.86 за демократски прогрес, за разлика од претходниот извештај кога оваа оценка била 3.82, со што е најдобро рангирана од земјите во Западен Балкан.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„И самата Европска комисија во ланскиот Извештај за напредокот ја критикуваше работата на Собранието за доцнењето на носењето на законите, што е резултат на блокадите од опозицијата, со нагласување дека Собранието треба да биде форум за конструктивен политички дијалог, особено во однос на реформската агенда, и да работи заедно со Владата на планирање на законодавната агенда, со приоритет на уставните амандмани. Европската Унија и нашите европски партнери ја воочуваат заложбата и политичката волја на Владата за државата да остане на европскиот пат и да продолжи со реформите. Нашиот став и цел се јасни: Сакаме Северна Македонија да биде да инфраструктурно развиена, поврзана и кон Исток и Запад, важна крстосница на Западен Балкан и членка на ЕУ“, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Воздушен напад
Украинските одбранбени сили ги уништија сите 36 беспилотни летала Шахед-136/131 од иранско производство, лансирани од непријателот во раните утрински часови во четвртокот
Рашизам
Рашизам – новиот руски тоталитаризам. Рaшизмот е шизофреничен вид на комплексот на доминација во светот, а се однесува на идеологијата и општествените практики на руската држава кон крајот на 20 и почетокот на 21 век, кованица од зборовите „руски“ и „фашизам“.
Бахмут
Украинските сили продолжуваат да напредуваат на северното и јужното крило на Бахмут, руската војска ги замени „вагнеровците“ во предградијата, додека платениците остануваат во самиот градот
ФЛЕШ ВЕСТИ
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми: СПАК уапси двајца судски полицајци; новите градоначалници на северот на Косово положија заклетви; нормализација на Судовите во Митровица
ВИЗИИ ЗА ЗЕЛЕНА ИДНИНА
Догани,„Везе Шари“: Енергетската криза ја докажа потребата од алтернативни извори на енергија
МУЛТИКУЛТУРА
МОНИТОРИНГ
„Племето и семето да му се сотре“, „Продадени души и Бог не сака“, „Терористот Џафери ќе ги чествува светите Кирил и Методиј! Неверојатно! Ја зеде ли нусата со него? Зар нема Македонци? Срам и резил!“… со ваков вокабулар на Фејсбук се изразуваат возрасни и семејни луѓе, родители, т.н. патриоти, мразачи, верници (христијани), чеда на Александар Македонски и Гоце Делчев и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, за веста дека претседателот на Собранието, Талат Џафери и македонска делегација присустувале на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск“, прочитајте повеќе во „Говор на омраза, национализам и неписменост“.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Стратегија на современиот социјалдемократски модел на политичко дејствување е – појди во црква, прекрсти се, не боли. За десницата важи – појди во црква откако ќе провериш дека знаеш да се прекрстиш… Меѓу тие две политички струи се наоѓа црквата која се чувствува доста удобно во лулката на таа стварност“, пишува Љубомир Костовски во „Титлување на атеизмот“.
Подготви: Б. Јордановска