• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: СПАК уапси двајца судски полицајци; новите градоначалници на северот на Косово положија заклетви; нормализација на Судовите во Митровица

May 25, 2023

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: СПАК уапси двајца судски полицајци; новите градоначалници на северот на Косово положија заклетви; нормализација на Судовите во Митровица

May 25, 2023 11:31
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал во Албанија уапси двајца службеници на правосудната полиција под обвинение за примање поткуп, во акција против 5 лица, известуваат албанските медиуми.  Косовските медиуми денеска известуваат за течението на заклетвите на новите градоначалници на северот на Косово, како и реакциите за нивниот избор. Ова е само дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Газета Шќип: Двајца судски полицајци уапсени  по наредба на СПАК под тешки обвиненија

По наредба на СПАК вчера беа извршени безбедносни мерки за 5 лица, меѓу кои и двајца службеници од правосудната полиција, кои се обвинети за примање поткуп., пренесе Газета Шќип.

Албеу: Наталитетот во пад  за 17% во првиот квартал од 2023 година, најниско ниво во последните децении

„ИНСТАТ објави дека во првиот квартал од годинава бројот на родени за првиот квартал од 2023 година во Албанија, изнесува 5.164, што бележи намалување од 16,9 отсто во однос на првиот квартал од 2022 година. Според историските податоци на ИНСТАТ, ова е бројот најмалиот број на раѓања некогаш забележани во една четвртина од најмалку 1990-тите.“, пренесе Албеу.

Коха: Денеска тројцата градоначалници на општините на северот на Косово ќе положат заклетва

„На северот на Косово денеска се очекува да положат заклетва на тројцата нови градоначалници на општините Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан – сите три општини населени со српско мнозинство.

Косовската Влада во средата соопшти дека новите градоначалници од безбедносни причини ќе положат заклетва во јавните згради во овие општини, а не во општинските собранија. Од официјален Белград имаше реакции против доаѓањето на власт на градоначалници Албанци во општините населени со српско мнозинство.

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека српските граѓани биле заплашени од официјален Белград да не излезат на гласање, но нагласи дека Владата на Косово има намера да ги функционализира институциите и да работи во овие општини, за да ги гарантира јавните услуги за сите граѓани.“, пренесе Коха.

Газета Блиц: Радоица Радомировиќ именуван за заменик министер за заедници и враќање

„Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти денеска го именуваше Радоица Радомировиќ за заменик министер за заедници и враќање.“, пренесе Газета Блиц.

Репортери: Оставката на Србите, Судот во Митровица кон нормалност, додека Обвинителството- не

„Во Основниот суд во Митровица ситуацијата полека се нормализира, по оставката на српските судии. Предметите, според адвокатите, се постапуваат без одлагање, а според нив тоа е овозможено со префрлање на десетици предмети во други судови. Сепак, и понатаму најлоша е состојбата во Основното обвинителство на Митровица.“, пренесе Репортери.

КОЛУМНА

Бота Сот: Собранието треба да го признае Холодомор како руски геноцид врз украинскиот народ

„Албанија мора да се приклучи на акцијата и правилниот став на парламентите на нашите стратешки сојузници во НАТО и ЕУ, кои го осудија Холодомор како руски геноцид врз украинскиот народ. Собранието на Албанија мора да биде кохерентно и што поскоро да усвои резолуција за осуда на Холодомор како руски геноцид. Ова за Собранието претставува морална должност и правда пред историската вистина, но и национална должност и критериум за усогласување на нашата надворешна политика со онаа на НАТО и ЕУ, чиј парламент донесе посебна резолуција за холодомор.“, пишува авторот Шабан Мурати во колумната „Собранието треба да го признае Холодомор како руски геноцид врз украинскиот народ“, објавен во Бота Сот.

Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ