• Latest

Дерала: Гласот на Ромите за време на избори се купува со насилство и корупција

June 18, 2018

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: Гласот на Ромите за време на избори се купува со насилство и корупција

June 18, 2018 15:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала, претставник на ЦИВИЛ, на панел – дискусијата „Кој ги тркала Ромите“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, истакна дека проблемите со кои се соочува ромската заедница во Македонија се навистина тревожни и дека траат со децении. 

 

„Човековите права се најважната категорија која нас не прави всушност луѓе. Тоа што може да се додаде на таа листа е всушност една долгогодишна, негувана дискриминација, омраза и насилство кон ромската заедница. Непријатно е кога гледаме дека етнички заедници, кои се малцинство во едно општество, кои на сопствена кожа и свој грб почувствувале како е да се биде дискриминиран по каква било основа, да бидат носители на дискриминаторски постапки, па и политики и практики кога се во позиција.“ изјави Дерала.

Дерала додаде дека утврден е фактот дека многу малку или речиси ништо не е направено со тие огромни средства кои се одвоени за подобрување на состојбата на човековите права на ромската заедница во Македонија.

„Тоа што ние го гледаме во изминатата деценија, во текот на таа декада на Ромите, како што ја нарекуваа агенциите на ОН, едноставно таа помош не допре до огромен број на корисници, оние на кои навистина им требаше таа помош, и сметам дека тоа е проблем и одговорност не само на донаторите, туку и во една крајно корумпирана политичка клика, која себеси си се претставува како политички претставници на Ромите.“ рече Дерала.

Според Дерала, со работата која ја врши ЦИВИЛ како организација за човекови права, многу често го гледаме злоупотребувањето на ромската заедница во изборни контексти. Изборите најостро ја отсликуваат политичката и општествената позиција на Ромите во Македонија.

„Нивниот глас се купува со насилство, со корупција, со поткуп кој чини ни помалку ни повеќе од 500 денари. Со 500 денари се купува волјата на еден човек, а потоа се фрла на буништето до следните избори.  Ние видовме за 10 години повеќе изборни процеси, од кои повеќето беа предвремени, односно во крајно турбулентни услови спроведени, каде што Ромите беа навистина на крајно неприфатлив начин злоупотребени. Тоа мораме да го сопреме, со жестоки и решителни мерки кои треба да ги спроведат институциите во земјата, а не со декларации и ветување, и со поставување привремени планови.“ изјави Дерала.

Ангела Петровска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Биљана Јордановска

Tags: Македонијапанел-дискусијаправа на РомитеРомска заедницасоцијала
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ